Се сретнаа многу доцна во животот и затоа се сакаа посилно од сите други

Тој беше разочаран од безначајните авантури со неморални девојки, таа имаше скршено срце од нефункционални врски со лоши мажи и тогаш се сретнаа...

se-sretnaa-mnogu-docna-vo-zhivotot-i-zatoa-se-sakaa-posilno-od-site-drugi-01.jpg

Тој смени многу девојки пред неа. Ниту една не беше доволно добра.

Му го грееја креветот, но не и срцето. Имаа едно, немаа друго. Никогаш ниту една не беше совршената за него.

Дури како да стана безнадежен дека некогаш ќе ја сретне вистинската. Одлучи да се задоволува само со безначајни авантури.

Таа имаше врски зад себе. Долги врски во кои се вложи целосно. Но, не функционираше.

И повторно разочарана и повторно повредена како тивко да си вети себеси дека нема да дозволи повторно да минува низ таа тортура.

Си вети дека нема да притиска пресилно нешто кое не функционира.

Одлучи дека подобро ќе ѝ биде сама во животот, отколку во ужасна врска и престана да бара.

Престана по секоја цена да бара љубов затоа што сфати дека за љубов не се моли, љубовта или се случува или не.

И кога кренаа раце двајцата. Кога одлучија дека не секој има среќа да ја пронајде вистинската личност за себе во животот... Тогаш се сретнаа.

И не беше тоа во цутот на младоста во средината на 20-тите, туку беше подоцна, години подоцна.

И им беше убаво. Не можеа да престанат да се чудат колку лесно функционираа.

Сакаа исти работи. Од животот имаа слични очекувања.  

Немаше притискање, само возбуда како сретнаа некој толку сличен на себеси. Возбуда колку била прекрасна љубовта.

И двајцата имаа минато. Работите што ги искусиле и сите пропаднати врски зад нив им беа лекција да го ценат тоа што го имаат.

Во 20-тите може и да наидете на некој најквалитетен на свет, но да не го цените затоа што мислите дека има уште многу други такви „риби во морето“.

Во поодминати години е поинаку. Цените повеќе, внимавате на зборовите и ги одмерувате чекорите.

Не сакате да изгубите нешто што вреди за цел живот. И тие се ценеа, се сакаа и си го кажуваа тоа.

Се сакаа повеќе од оние парови кои се сретнале во 20-тите и сега веќе се земаат здраво за готово.

Се сакаа со невидена искра во очите и страст во срцето.

Топло на душата ви прави само да ги гледате.

Се сакаа затоа што минале многу и сега знаат што имаат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Слабиот маж не е способен да сака силна жена Љубовта со силна жена може да биде извонредна, но само за силен маж. Да се биде ...
„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“ „Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg