Време е да се живее овој живот, колку и да е тежок и ироничен, затоа што е еден
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Prodavacka 23-05-2019


Време е да се живее овој живот, колку и да е тежок и ироничен, затоа што е еден

Време е да пораснете, но никогаш да не го заборавите детето во себе. Она што сака гласно да зборува и да се смее, да игра друштвени или видеоигри, да прави меури од сапуница, да пее со промашена интонација.

vreme-e-da-se-zivee-ovoj-zivot-kolku-i-da-e-tezok-i-ironicen-zatoa-sto-e-eden-001.jpg

Време е да направите чистка – на орманот, на мобилниот телефон, во душата. Да ги отстраните сите ветви, да ги подарите сите смалени и непотребни алишта, да ги избришете сите т.н. пријатели кои никогаш не се тука за вас и да ги избркате сите нервози, јадови и внатрешни сомнежи од себеси.

Време е да сфатите дека никогаш нема да им угодите на луѓето околу вас. Невозможно е сите да ве сакаат, особено доколку сте на некоја раководна позиција. Некој паметен човек рекол – доколку сакате сите да ве сакаат, тогаш продавајте сладолед. Во спротивно, не очекувајте љубов и разбирање од секого.

Време е да одберете што ви е побитно – духовното, материјалното или пак сте подготвени да направите баланс помеѓу двете. Што и да одберете, доколку сте среќни со изборот, не дозволувајте некој да ви создава грижа на совеста, затоа што едното или другото е „правилно“ или „погрешно“. Важно е вие да бидете задоволни и среќни со одлуката.

Време е да излезете од шаблонот на работите кои „така треба“ да бидат. Општеството неретко нè втурнува во одлуки и избори, заради нечии туѓи очекувања или строго утврдени правила и норми кои сме принудени да ги следиме, за да се чувствуваме прифатено. Факултет, брак, едно детенце, второ детенце, отплаќаj го станбениот кредит додека не го испуштите последниот здив.

Сосема во ред е ако не ви се прават овие работи и чувствувате дека вашиот живот треба да има поинаков тек. И сосема во ред е ако ви се прават, сè додека сте во мир со себеси.

Време е да им кажете НЕ на сите токсични луѓе кои ви го одземаат воздухот и ве прелеваат со негативна енергија. Пријателството значи да се помага, но не и по цена на сопствената штета. Не сте жртва, не сте бришалка за нозе, не сте нечиј личен психијатар. Никому не должите ништо.

Време е да се потсетите дека се сакате себеси. Дека сте си важни, дека вредите, дека некому му значите исто како што саканите луѓе ви значат вам. Време е да си обрнете внимание, на изгледот, на работата, на менталното здравје, секаде каде што сметате дека има потреба. Затоа што никој нема да го стори тоа наместо вас.

Време е да научите дека вие сте единствената личност на која целосно може да ѝ верувате. Единствената личност на која може да се потпрете и да сметате дека работата ќе биде добро завршена сте вие самите.

Но, што е животот поминат во самотија? И покрај ваквата лекција, време е да допишете дека не се може без семејството, пријателите и без љубовта. Направете им доволно простор на сите добри луѓе во животот.

Време е да се живее овој живот. Колку и да е тежок, колку и да е бесмислен и ироничен на моменти. Затоа што е еден, па направи го вреден. Ќе дојде миг кога ќе се покаеш што не си живеел и наместо тоа си живуркал…

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ако те повредил не му давај шанси жено, ќе ги прокоцка сите до една! Зошто залудно се надеваш дека во слабак се крие херој? Залудно ти ветува. Нема д...
Типичен Балканец - ги знае сите сложени комбинации за спортска, но не ... „Знаеш што си бара жената одвреме-навреме? Ќотек си бара. Превоспитување, во слу...
Ако немаш храброст да ја направиш среќна, оди си! Ако сила немаш за да ја износиш на плеќи нејзината сила, оди си. Ако немаш желба...