#газиме со колегите во кафана – „Еве ги овие што излегуваат еднаш во годината“

Декември. Се чини омилениот месец во нашата земја. Месецот кога во кафана се бара место повеќе. Кога „фрчат“ резервации преку Петко, Станко, Ојле и Дојле. 

gazime-so-kolegite-vo-kafana-eve-gi-ovie-shto-izleguvaat-ednash-vo-godinata-01.jpg

Кога треба да платиш „предновогодишно“ мени за да може да поминеш 3-4 часа во кафана. Не се знае дали е вторник, петок или недела. Секаде е фул секој ден од „јутра до сутра“. Убаво се живее.

Воедно и месецот кога на социјалните мрежи има лавина од фотки и сториња со гушнати тетки, колешки, пријатели поднапиени, а во позадина ечи „Ово је моја куча живео сам ту“. Насмеани „живели“ фотки од како се чукаат со чашките.

Ќе почнат и оние коментари од типот: „Еве ги овие што излегуваат еднаш во годината почнаа да замараат со предновогодишните забави“ и „Јас вчера не бев во кафана“.

Нејсе, не верувам дека има многу такви, но и да е така, па оставете ги луѓето нека се дружат. Нека се опуштат барем еднаш во годината. Нека здивнат. Нека си поминат убаво. Зарем некој треба да ви брои колку пати сте излегле?

Фризерниците полни – „сарми фризури“, полулокни, пеглани – сите се средени на овие забави. Нокти новогодишни црвени, со еленче и снегулка. Фустани со светки, деколтеа, несоодветно кратки сукњи за годините, шминки, трепки, усти.

На предновогодишниве журки сите се сакаат меѓу себе. Особено после 3 чашки. Колешките што не свртеле два реда муабет во годината се најдобри другарки и гушнати пеат во хор. Директорите јадат во 4 часот во Силбо со шоферот, чистачките и обезбедувањето. Секој се слика со секого. Секој мисли дека пее добро и се фаќа за микрофон.

Задолжителни дополнителни реквизити: Капа „Дедо Мраз“, „венчиња со рогови“, многу светки насекаде.

Омилени хаштази: #колегијално #предновогодишна #газиме #кафанајенашасудбина #соколегите #грмиме

Нели, сè што е претерано не чини, па имајте усул и годинава, бидете одмерени колку – толку.

Скраја да е дека ние не одиме во кафана за Нова година. Баш напротив, вечерва ќе одиме. И ќе има сѐ од горе наведеното.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg