А што остана да си посакаме во новата 2020 година покрај љубов и здравје?

A-sto-ostana-da-si-posakame-so-novata-2020-godina-01.jpg

Повеќе толеранција, повеќе разбирање, повеќе искреност, повеќе љубов.

Помалку нетрпеливост, помалку недоразбирања, помалку лицемерие, помалку омраза.

Повеќе безгрижност, помалку грижи.

Повеќе здравје, помалку болка.

Повеќе радости, помалку таги.

Повеќе сонување, помалку мижење.

Повеќе дружба, помалку осаменост.

Повеќе прифаќање, помалку предрасуди.

Повеќе грижа за менталното здравје, помалку срамење за истото.

Повеќе грижа за сопствената среќа, помалку „што ќе речат другите“.

Повеќе храброст, помалку страв.

Повеќе индивидуалност, помалку вклопување во шаблонот.

Повеќе време со вистинските, помалку време со лажните.

Повеќе по свое, помалку по туѓо.

Повеќе донации, помалку фалење за истите.

Повеќе смеа, помалку солзи.

Повеќе уживање, помалку незадоволство.

Повеќе радување, помалку страдање.

Повеќе сомилост, помалку индиферентност.

Повеќе вистини, помалку лаги.

Повеќе напред, помалку назад.

Повеќе чекорење, помалку стагнирање.

Повеќе „ние“, отколку „само јас“.

Повеќе од сè убаво, помалку од сè грдо.

Повеќе тишина, помалку бучава.

Повеќе дела, помалку зборови.

*Со желби за најубава година… бидете здрави, насмеани и секој ден сакани.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“ „Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врсни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg