Немој да дозволиш кујната да сјае повеќе од тебе – баба ми имаше право за сè!

Постои непишано правило дека треба да ја цените мудроста што ја споделуваат со вас постарите и поискусните.

 nemoj-da-dozvolis-kujnata-da-ti-sjae-poveke-od-tebe-baba-mi-imase-pravo-za-se-01.jpg

Баба ми честопати знаеше да ме седне и да ми каже:

„Немој да дозволиш кујната и садовите да сјаат повеќе од тебе. Не го сфаќај чистењето на куќата толку сериозно.

Јас чистев по цели денови и се трудев сè да биде на свое место ако случајно дојде некој на гости.

А тогаш сфатив дека сите се зафатени и уживаат во животот.

Што ако некој дојде ненајавен?

Не морам на никого да ја објаснувам состојбата во мојот дом. Ниту да се правдам. Ич да не ти е гајле каков ти е домот.

Животот е краток – уживај!

Чисти кога е потребно.

Дај си време за прошетки, цртање, слушање музика. Готви она што ти сакаш и кога сакаш, прави го она што те исполнува.

Чисти само кога е неопходно.

Дај си време за пиво со пријателите, за патување, за игра со децата, за долги ноќни разговори со сопругот додека во кујната имаш куп садови, а во купатило куп алишта кои чекаат да бидат пружени.

Овој ден нема никогаш да се врати.

Не заборавај дека старееш, годините си летаат.

Многу работи кои сега можеш да ги направиш, мошне е веројатно дека нема да можеш да ги правиш подоцна.

Сите ќе се претвориме во прашина еден ден кога ќе заминеме од овој свет.

Тогаш никој нема да се сети на твојот дом, туку на твоето пријателство, твојот живот и спомените кои сте ги создале.

И запомни – не си ти сама одговорна за твојот дом! “

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg