„Сега сум стара и се сопнувам, но постоеше време кога и ти не умееше добро да одиш“ - тажното писмо на една мајка

Сине мој, како да беше вчера кога те зедов во рацете, кога го почувствував твоето мало тело во мојата прегратка.

sega-sum-stara-i-se-sopnuvam-no-postoewe-vreme-koga-i-ti-ne-umeese-dobro-da-odis-taznoto-pismo-na-edna-majka-1.jpg

Беше и остана целиот мој свет, мојата радост, мојата сила, причината за моето постоење. И кога ми беше најтешко, кога којзнае колку пати паднав, знаев дека мора да се исправам, знаев дека постои едно мало суштество кому сум му потребна.

Паѓав, станував, се сопнував, но продолжував понатаму, ти беше мојот мотив, ти беше она нешто и некој кој секогаш ми даваше натчовечка сила да го живеам животот, да се борам, да ги совладам проблемите, да издржам, да го победам животот.

Се сеќавам на твоите први чекори, првите изговорени зборови кои за мајчиното срце беа најубавата музика. Се сеќавам на мојот трепет и моето лудило кога нешто ќе те здоболеше, се сеќавам на лудачкиот страв да не ти се случи нешто, кој ме следи до денешен ден.

Се смеев кога ти се смееше, плачев кога ти плачеше, ги делев со тебе твоите радости, таги, твоите стравови, бев тука кога потклекнуваше, те поткревав и тоа правеше да се чувствувам среќна, исполнета, силна.

Се сеќавам и се прашувам каде отиде тоа време, каде исчезна мојата радост, што се случи и кога се случи тоа? Сега сум стара, на крајот на патот и сега можеби не знам ништо, но постоеше време кога и ти не знаеше ништо, а јас те учев со љубов.

Сега не можам да работам како некогаш, но постоеше време кога и ти не можеше да работиш, а јас крваво се борев да ти пружам што повеќе, сине мој.

Ме издаде гласот, кога зборувам потивко, малку е неразбирливо, тогаш мрморам. Да, но постоеше време кога и ти не умееше да зборуваш, а јас те научив како да го изговориш првиот збор.

Ако зборувам погласно тогаш викам, во право си сине, понекогаш немам контрола над сопствениот глас, но годините на животот ја оставија својата трага врз мене.

Честопати сум уморна, на крајот од силите сум, можеби ми требаат раце за да ме подигнат, можеби ми треба поддршка, можеби ми треба разбирање, некој топол збор, можеби ми треба малку љубов, која тебе несебично ти да ја давав и ти ја давам целиот свој живот.

Кога ќе видиш солза во моето око, сврти ја главата, преправај се дека не си ја забележал, но не вели ми дека глумам жртва, помалку ќе ме боли првото.

А можеби ништо од ова не сум го ни заслужила, можеби само во своето старечко лудило сметам дека така треба, можеби не сум ни доволно добра мајка, можеби е ова мојата казна.

Биди ми среќен сине мој, најмногу што сакам е никогаш да не ја почувствуваш тагата и болката, никогаш да не ја почувствуваш осаменоста на душата на крајот од животот.

Те сака мама и тоа е единствената работа што, колку и да бидам стара, нема да ја заборавам…

Извор

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава