„Не знам да спржам јајце, не знам да сменам сијалица“ – зошто се гордеете што не умеете да направите најпрости работи?

Сè повеќе слушам вакви изјави од многу млади луѓе. Почна да наликува на некое помодарство – ајде да го оцениме нивото на фраерлук од 1 до „не знам како да си го наместам креветот“. 

Ne-znam-da-smenam-sijalica-01.jpg

Еве, навистина не знам, ме буни тоа што има и перница и чаршаф и прекривка.

Само кој да ви каже дека помодарствово е лошо и смешно? Особено ако веќе сте во 20-тите години. Немате ниту алиби на разбеснет тинејџер со лошо нивелирани хормони.

Вие сте едноставно личност која многу лошо глуми или пак нешто уште потрагично – паразит кој ќе умре од глад ако мама и тато не се дома да му намачкаат паштета на лепче.

Ако имаш над 20 години и сè уште: немаш заработено ни 500 денари со свој труд досега, чекаш пари за кафе од мама и тато, чекаш мама и тато да ти сварат кафе додека не може да се освестиш до 2 попладне, честитки до тебе, но и до твоите родители што успеале да одгледаат такво дете.

Ако ти успева да се изгубиш во Скопје и притоа да плачеш како мало дете да дојдат од дома да те земат со автомобил на цели 25 години, ако се муртиш зошто мамичка ти зготвила грашок наместо твоите омилени макарони, ако силно се гордееш како не знаеш да спржиш ниту едно јајце, ниту да смениш сијалица, ниту да стиснеш 3 копчиња и да ја пуштиш машината да ти ги испере алиштата, сите честитки на светот не се доволни да ја поздрават твојата лична неспособност.

И да, утре можеби ќе имаше маж, жена, деца, дом и семејство за кои ќе треба да се грижиш или на крајот на краиштата ќе дојде конечно време (иако одамна е дојдено) кога треба да се грижиш сам за себе, а ти не можеш да профункционираш без 20 повици во денот до мама и тате.

Сметки? А што се тоа сметки? Јас немам видено како изгледа сметка. Не, не ме интересира. А каде се плаќа? Аааа, може и во пошта и банка, може и преку интернет?! Не знам јас тоа, ми делува многу сложено.

Навистина чедо, не се сложени Фејсбук, Инстаграм, Твитер, ЈуТјуб, Тик-Ток и уште 16 други социјални мрежи, ама плаќањето сметки преку интернет е особено комплицирано и предизвикувачко искуство.

Престанете да глумите паразити и престанете да функционирате како такви. Бедни и срамни сте со однесувањето кое не доликува на 5-годишни деца. Почнете да чувствувате одговорност за своите постапки.

А вие драги родители, јасно е, очигледно сте имале тежок живот и сте се зарекле дека „моето дете нема да пати и да страда како што се мачев јас во животот“. Само сте отишле во сосема другата крајност, штитејќи го од секаква одговорност и сета неубавина и суровост на светов и животов.

Па запрашајте се што е полошо – дете кое можеби требало да увиди малку мака и да создаде нешто со свој труд, да умее да се снајде во секаква ситуација или неспособен 27-годишен плачко што не знае да си пополни најобична уплатница на шалтер?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...

Најчитани неделава