Животот е трнлив, но убав цвет со големи и раскошни цветни ливчиња

Успех. Гордост. Радост. Солзи радосници. Прослави. Неуспех. Повредено его. Разочараност. Горчина. Гневни солзи. Емоции. Фантазии. Соништа.

zivotot-e-trnliv-no-ubav-cvet-so-golemi-i-raskosni-cvetni-livcinja-01.jpg

Животот не е ништо друго, туку еден огромен ролеркостер. Ролеркостер од емоции, успеси и промени. Не постои подобар збор со кој можеме да го опишеме ова чудно искуство наречено живот.

Животот е цвет. Цвет со трнлива дршка, но и со убави, големи и раскошни цветни ливчиња.

Животот е пеперутка. Промената во него е неизбежна и треба да ја прифатиме и прегрнеме со двете раце, да се приспособиме на неа. Промената е таа од која почнуваат сите нови искуства и нови доживувања. Промената го дефинира животот.

Во него сите имаме свој трнлив пат кој треба да го поминеме за да го достигнеме нивото наречено успех. Сите во него имаме различни проблеми и различни препреки. Никој никогаш на лесен начин не успеал да се издигне и издвои од другите.

Животот е една обична непрочитана книга која е во нашите дланки. Стои и чека да ја испишеме. Ден за ден, година за година.

Се надевам дека во иднина, во твојот живот секогаш ќе одбереш да избираш трпеливост. Затоа што трпението е клучот до секоја врата. Трпението е тајната на секој прогрес. Трпението е сржта на успехот.

Успех е да сфатиш дека среќата во животот никогаш не била наоѓање работно место или пак имање скапа куќа. Среќата никогаш не била да задоволиш нечии други барања и да ги запоставиш твоите. Среќата никогаш не била следење нечии други чекори, туку создавање на твои кои ќе се разликуваат од сите останати.

Среќата во животот отсекогаш била, е и ќе биде да го слушаш твоето срце и да чекориш заедно со него, да имаш очи полни надеж и живот. Среќа е да бидеш добар кон себе и да се прифатиш онаков каков што си. Среќата е во малите нешта и таа е во твоите раце. Отсекогаш во твоите. Засекогаш во твоите.

Верувај во себе и во твоите цели и соништа, секогаш давај го најдоброто од себе, бидејќи постои причина зошто си овде и зошто баш на ова место. Секој во нас носи по еден талент кој никој друг не го поседува. Во секој човек живее по еден сон и посебна дарба.

Сами сме кројачи и шивачи на нашата судбина, сами си го шиеме патот по кој чекориме. Од нас не зависи во каква средина ќе пораснеме и со какви луѓе ќе бидеме опкружени, но од нас зависи по кој пат ќе тргнеме. Секогаш можеме да направиме избор и треба да се трудиме секогаш да го направиме најдобриот.

Во овој суров и неправеден свет само упорните успеваат, оние кои не се срамеле да станат и покрај сите удари и продолжиле горе високо да ја држат својата глава. Биди трпелив како што ти кажав погоре и почни да се соочуваш со неверојатните приказни и доживувања кои допрва ќе бидат напишани во твое име.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg