„Наш Милош спие сам во соба од 3 месеци“, „Што, вашево уште не оди, а?“ – зајадливи коментари од мајки

Без грижа, Ќе прооди и моево дете. И дај Боже, ќе оди и трча цел живот. Но, не значи дека ако твоето проодело на 11 месеци дека мора и моето. Не, јас нема да го „паткам“ и да го терам на сила да оди.

nas-milos-spie-sam-vo-soba-uste-od-3-meseci-sto-vasevo-uste-ne-odi-zajadlivi-komentari-od-majki-01.jpg

Кога ќе му дојде, ќе прооди само. И фала богу, прооде. На 14 месеци. Не сметам дека ова е било каков проблем ниту пак натпревар. Ортопедите велат дека децата треба да проодат до 3 години.

Но, на мајката во парк која случајно ја сретнавме и беше важно да сподели дека нејзиното синче трча уште пред да наполни година, а за моево дете е чудно што сè уште не одело.

„Ќе си го ставиш во дубак и одма ќе прооди.“ Не, нема да го ставам.

Но, такви се голем дел од мајките. Зајадливи. Сакаат да даваат коментари каде што не им е место. Сакаат да се докажуваат.

Ова се само некои од коментарите кои со сигурност порано или подоцна ќе ги добиете, но не дозволувајте да ве загрижат или изнервираат ниту за момент. Секое дете е различно и вие си одлучувате како ќе го воспитувате.

„Моево дете знаеш како јаде зеленчук? Се дави во брокула!“ Браво! Извини, ама моево не е воодушевено од брокула. Ниту пак од зеленчук. Не ни очекувам да биде. Децата се менуваат секој ден. Ако денес сака да јаде мусака, утре може да не сака да ја погледне. Но, нејсе. Не сакам да се објаснувам со секој познат и непознат.

„Леле, колку заби има вашево дете!“ – Е има да, почнаа да излегуваат уште кога имаше само три месеци. Генетика. Ќе му излезат и на вашето, без грижа.

„Не оди во градинка уште а? Епа треба да оди, да се социјализира“ –  Ќе оди кога јас ќе сметам дека е подготвено да оди.

„Наш Милош спие сам во соба уште од 3 месеци“ –  Бре, бре, ваш Милош сам да не си ги менува и пелените?

„Ау, уште не користите нокшир? Андреј уште од 9 месеци го седнуваме.“ –  А извинете, Андреј како ви кажува дека има потреба за да заврши нужда на нокшир?

„Си јаде чоколади, а? И те гледа со превртени очи.“ – Си јаде да. И ќе јаде што сака.

„Леле, уште го доиш. Ти си луда. Откачи го таму, доста му е 9 месеци.“ – Ќе го дојам до 3 години ако сакам. Не барам совет од тебе.

„Нашево спие по цела ноќ уште од 5 месеци. Ич не се буди.“ – Блазе си ви. Нашево се буди на секој саат и после една година.

„Леле, каде бе ќе го носите со авион, само го малтретирате детето“ – Ќе го носиме и на крајот на светот ако сакаме. Ти да не ми плаќаш и да не го пакуваш моево дете?

Верувам дека кога ќе тргнат во училиште ќе биде уште пострашно. „Моево чита од 3 години. Моево пишува латиница и кирилица од 4. Англиски зборува подобро од македонски јазик“ - претпоставувам дека на оваа глупава трка и нема крај. 

Секој сака да си го пика носот кај што не му е место. Секој сака да дава совети кои не сте му ги побарале. Она што ви останува е да научите да ги игнорирате сите коментари кои не се на место и да си бркате своја работа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg