Седиме дома за доброто на послабите, доктори ни се херои - изгледа ќе нѐ биде

Изгледа ќе нѐ биде... Затоа што вирално споделуваме хуманитарни акции, а не политички препукувања. Затоа што во ова мрачно време сфативме дека сите сме едно.

sedime-doma-za-dobroto-na-poslabite-doktori-ni-se-heroi-izgleda-kje-n-bide-01.jpg

Изгледа ќе нѐ биде...

Затоа што во ова мрачно време сфативме дека сите сме едно.

Затоа што сфативме дека со помагање на другиот си помагаме себеси.

Затоа што научивме дека некои правила мора да се почитуваат за доброто на сите.

Затоа што почнавме повеќе да ги цениме докторите, научниците и луѓето од услужната дејност.

Затоа што вирално споделуваме хуманитарни акции, а не политички препукувања.

Затоа што седиме дома не само за своето добро, туку пред сѐ за доброто на мама, тато, баба, дедо и сите оние „послаби“ од нас.

Затоа што со збор, со аплауз, со песни, кој како знае и умее, оддаваме почит на луѓето за добросработеното.

Затоа што сфативме дека не сме семоќни и дека добро е малку да закочиме.

Затоа што им се вративме на традиционалните вредности и се потсетивме на убавината на седењето дома со семејството.

Затоа што готвењето ни стана активност што ја правиме со љубов, а не на брзање.

Затоа што ги отворивме старите албуми и се потсетивме на детството.

Затоа што се научивме на култура кога одиме во супермаркетите.

Затоа што конечно пронајдовме време за читање книги (секоја чест за оние кои и онака читаа).

Затоа што за миг престанавме да се тркаме со материјалните работи.

Затоа што и дозволивме на природата да се одмори од нас.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Домашно подготвените торти на мајка ми и денес ме прават горд - фотки од моите стари албуми“ Секогаш имав интересни желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчест...
Носталгија по детство – игравме џамлии, правевме шатори, повикувавме духови и се натпреварувавме во ... Пред неколку седмици, во домашна атмосфера, се собравме неколку пријатели – сите...
Морничави македонски селски приказни што ни ги раскажуваа бабите и дедовците Неодамна бев во семејната викендичка со моето семејство, па во приквечерните час...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg