Не кажувајте ги вашите проблеми секому – половина ќе ве сожалуваат, другата половина ќе бидат среќни што ги имате

Бидете внимателни кому ги кажувате своите проблеми. Кому ја подарувате својата доверба. Од кого чекате искреност, разбирање поддршка.

Ne-kazuvajte-gi-vashite-problemi-sekomu-01.jpg

Бидејќи луѓето денес во најголем процент се зли. Половина од нив ќе ве сожалуваат и озборуваат зад грб. Другата половина ќе биде среќна, бидејќи вие сте несреќни. Ќе им биде едноставно мило ем драго што имате проблеми. Има ли опис за овој феномен освен – болест во умот?

Сигурно многупати ве обвиниле дека сте недоверливи, затворени во себеси. Зошто толку тешко ги споделувате нештата со другите луѓе околу вас? Затоа што веројатно многупати досега сте се „изгореле“. И немате потреба повторно да поминувате низ тоа.

Луѓето се чудни – одбираат да се ситат наместо да ви помогнат, да ве бутнат уште повеќе кон дното наместо да ви подадат рака. Ви вртат грб кога ви е потребна прегратка, се смеат со крајчињата на усните додека вам срцето ви плаче.

Зарем е чудно што сте недоверливи, сомничави и го чувате срцето цврсто затворено како бисер во школка, од страв некој да не го здроби со сета сила на своите сурови зборови и постапки?

А ги има и тие неколку пред кои можеш да кажеш навистина сè што ти тежи на душата. Без срам, без страв, без никаква осуда. Тие што ќе те сослушаат внимателно. Што нема да те прекинуваат додека се исповедуваш. Што нема да ѝ се засмеат на твојата мака.

Тие што го знаат решението уште пред да го докажеш проблемот. Тие што стануваат да те гушнат пред да се скршиш. Тие што посегнуваат по паричникот и пред да кажеш дека ти се потребни пари. Тие што ја палат колата и доаѓаат во ниедно време од денот и ноќта само затоа што си им испратил порака дека не се чувствуваш баш најдобро.

Тие што ќе го превртат светот за твојата среќа. Таквите кои не те сожалуваат и не ти се ситат, да ги чуваш. Макар и се броеле на прстите од една рака. Важно е дека ги имаш. И не секој е подготвен да ти зарие нож во грбот во моментот кога ќе се свртиш од него.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Слаткар за CRNOBELO лексикон: „Првата симпатија ми се викаше Сања“ „Мислев дека Монте Карло е најубавото местои на светот. Бев таму и после тоа сум...
Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“ „Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша ...
Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред моб... Дали сте од онаа генерација што растеше пред мобилните телефони, излезени надвор...

Најчитани неделава