Што е значајно во животот?

Ова е постара приказна за која сметавме дека вреди да ја споделиме со оние кои сè уште не ја слушнале, а останатите да се потсетат за вредностите во животот.

sto-e-znacajno-vo-zivotot-001.jpg

Професор на час по филозофија наредил неколку предмети пред него. Кога започнал часот, тој зел една голема празна тегла од мајонез и започнал да ја полни со топчиња за голф.

Потоа ги запрашал студентите дали теглата е полна. Тие потврдиле.

Професорот зел кутија со камчиња и ги истурил во теглата. Ја протресол лесно теглата. Камчињата го пополниле празниот простор помеѓу топчињата за голф.

Повторно ги запрашал студентите дали теглата е полна. Тие се согласиле дека е полна.

Професорот зел кутија со песок и ја истурил во теглата. Секако дека песокот ги дополнил сите празни дупчиња во теглата. Уште еднаш прашал дали теглата е полна, а студентите тивко одговориле „Да“.

Професорот зел две чаши со кафе од под масата и ги истурил во теглата, а песокот го впил кафето.

А сега“, прашал професорот?

„Сакам да замислите дека оваа тегла го претставува вашиот живот. Топчињата за голф се важните нешта – вашето семејство, деца, здравјето пријателите и вашите омилени пасии – работите кои ве потсетуваат дека иако изгубите сè, вашиот живот се уште ќе биде исполнет. Камчињата се останатите работи кои се значајни – вашата работа, куќа, автомобил. Песокот ги претставува сите мали нешта.“

„Ако го ставите песокот прв во теглата, нема да има простор за камчињата, ниту пак за голф топчињата. Исто така е и во животот. Ако ја трошите енергијата на мали нешта, никогаш нема да имате простор за нештата кои ви се значајни. Посветете внимание на нештата кои се круцијални за вашата среќа. Играјте си со децата. Правете редовна контрола на здравјето. Отидете на вечера со партнерот. Лудо забавувајте се со пријателите. Секогаш ќе има време за да ја чистите куќата, или да ја носите колата на поправка.“

„Погрижете се прво за топчињата за голф, за нештата кои се навистина значајни. Поставете ги своите приоритети. Останатото е само песок“.

Еден од студентите ја кренал раката и запрашал: „А што е со кафето?

Професорот се насмевнал. „Драго ми е што праша. Тоа е само тука за да ви покаже дека колку и да ви изгледа вашиот живот исполнет, секогаш постои простор за неколку шољи кафе со пријателите!“

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg