Јас да сум машко ќе ја одберам женската што знае да врзе 2 реда муабет наместо празноглавата кукла по која сите кршат нозе…

…Aма вие си знаете. Односно, не знаете. Па затоа сте постојано заглавени во тој магичен круг на празноглави убавици чии теми на интерес не одат подалеку од оние поврзани со надворешниот изглед. Мислам дали е можно да не те интересира ама баш ништо друго, освен тоа каков ти е одразот во огледалото и колку луѓе се завртеле по тебе? Можно е.

Jas-da-sum-masko-01.jpg

Имам другар што постојано се жали како денес нема добри девојки. Сите биле материјалисти, опседнати само со пари и убавина.

Проблемот е во тоа што мојот другар постојано бара и наоѓа само такви девојки, без притоа да е свесен за тоа. После сите други му се „исти“ и целиот свет му е крив.

Кога ти е единствено важно девојката да е „бомба“ по која ќе се вртат сите и ќе ти љубоморат, тоа прилично многу зборува и за тебе. Дека и ти си подеднакво плиток како и девојката што си ја одбрал.

Убеден си дека сакаш фина, паметна и добра девојка која има сопствено мислење и став, но твоите постапки не ја поткрепуваат изјавата.

На моето „секогаш наоѓаш едни исти девојки излезени како од Пинк или Планет ТВ“, другарот се лути и негодува.

Вистината е дека во моментот му е побитно девојката да е повеќе згодна отколку паметна. Повеќе откачена отколку сериозна. Повеќе да се смешка отколку да му негодува. Повеќе да се согласува со него отколку да му противречи.

Да, сите сакаме да сме опкружени со убави луѓе. На прв поглед речиси сите ќе им дадеме предност на оние што изгледаат поубаво. Но, само убавината не умее да го задржи човекот.

Го мислам ова и ќе го кажам уште 100 пати. Нема никогаш да се уморам од повторување дека убавината привлекува, но карактерот е оној што задржува. Затоа што тоа е вистината.

Убавината воедно бледнее. По 20 години сите ќе подостариме. Дали тогаш ќе можеш да си направиш муабет со „јаките“ гради и задникот на девојка ти?

Кога ќе ти треба разбирање, помош и поддршка, рамниот или нерамниот стомак на жена ти нема да ти прави ама баш никаква разлика. Ама ќе ти направи разлика она што таа го има во главата.

Само убавината не вреди ништо, без добрина и шарм и харизма и добро воспитување. И памет. Јас да сум машко ќе ја одберам женската што знае да врзе 2 реда муабет наместо празноглавата кукла по која сите кршат нозе… ама вие си знаете.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
За мојот поранешен најдобар другар - те сакам, ама веќе не ми се допаѓаш како личност До вчера можев да кажам дека имав најдобар другар со кој се дружам 15 години. Де...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава