Жени кои поминале хемотерапија и низ пеколот на ракот, со главата горе, тие се доказ како се сака животот

„Седам на онкологија, ја погледнувам девојката до мене, не ја симнува насмевката од лицето додека зборува со другарка ѝ по телефон и се препираат каде ќе одат и дали ќе одат, ако ѝ е добро по хемотерапијата. Таа до неа му ги решава домашните задачи на своето дете по телефон неможејќи да биде во тој момент дома до него...“

zheni-koi-pominale-hemoterapija-i-pekolot-na-rakot-ubavi-skockani-tie-se-dokaz-kako-se-saka-zhivotot-01.jpg

На Фејсбук страницата на групата за помош и поддршка на пациенти кои се лекуваат од рак „Љубов сме / Jemi dashuri“ осамна краток текст кој ќе направи да се освестите и малку повеќе да го цените животот.

Објавата од групата „Љубов сме / Jemi dashuri“:

Додека седам и чекам пред ординацијата на докторот ги гледам и ги анализирам луѓето кои се околу мене. Поголем број од нив се жени и не било какви, туку баш тие што го поминале пеколот на болеста.

Сите се многу убави, дотерани, нашминкани, скоцкани, со посебен сјај во нивните очи, сјај кој значи желба за живот. Секоја од нив ја почувствувала близината на „заминувањето“ и сега знаат да го ценат животот, оној истиот еден и единствен кој го имаат, оној истиот за кој претходно не знаеле да го испочитуваат.

Ја погледнувам девојката до мене, не ја симнува насмевката од лицето додека зборува со другарка ѝ по телефон и се препираат каде ќе одат и дали ќе одат, ако ѝ е добро по хемотерапијата. Таа до неа чита книга и не е ни свесна за околината околу неа и ужива во тоа. Третата му ги решава домашните задачи на своето дете по телефон неможејќи да биде во тој момент дома до него.

zheni-koi-pominale-hemoterapija-i-pekolot-na-rakot-ubavi-skockani-tie-se-dokaz-kako-se-saka-zhivotot-03.jpg

Болеста ги научила да го сакаат животот... Некаде и прочитав дека треба дури да ја сакаш и својата болест, бидејќи и таа е дел од тебе. Мораш да научиш да живееш со неа и сите тие жени многу вешто го научиле тоа. Живеат и се радуваат било каде и да се, па макар и тука, а тука воопшто не е убаво, верувајте.

И затоа драги пријатели, сите вие на кои Господ не ви дал жолт картон, сакајте го тоа што го имате и никогаш, ама баш никогаш, немојте да дозволите болеста да ве научи што значи живот како што научија овие ЖЕНИ.

Живејте и уживајте во секој момент од животот со драгите луѓе околу вас.

zheni-koi-pominale-hemoterapija-i-pekolot-na-rakot-ubavi-skockani-tie-se-dokaz-kako-se-saka-zhivotot-02.jpg

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...

Најчитани неделава