„Може ли вечер да спијам кај баба?“ - реченица која ме врати во детството и ми ги насолзи очите

moze-li-vecer-da-spijam-kaj-baba-recenica-koja-me-vrati-vo-detstvoto-i-mi-gi-nasolzi-ocite-01.jpgфото: depositphotos.com

„Мамо, те молам, може ли да спијам вечер кај баба?“ Денес во возот слушнав едно детенце како ја прашува мајка си, но додека да се завртам да го видам детенцето кое со една реченица ме врати во минатото и ми ги насолзи очите, веќе се беа симнале на станицата.

Колку брзо поминаа тие времиња.

Ние возрасните сме затрупани со здодевни приоритети.

Секојдневно се бориме за нешто, а понекогаш ни самите не знаеме што сакаме или ако знаеме што сакаме, не сме баш сигурни зошто го сакаме тоа. И така од ден во ден.

И тогаш една ваква реченица и сеќавањето на домот на баба во кој сме пронаоѓале вистинска среќа, исполнетост, мир во срцето и сигурност...само една реченица ќе ви го разубави денот.

Домот на баба е местото во стрелките на часовникот и минутите минуваат без никакво брзање.

Домот на баба е место каде обична чинија супа и домашно лепче со млеко е највкусниот оброк на светот.

А вкусот на домашниот сок од вишна кој се раствора со вода е подобар и од најскапите сокови во продавниците.

moze-li-vecer-da-spijam-kaj-baba-recenica-koja-me-vrati-vo-detstvoto-i-mi-gi-nasolzi-ocite-02.jpg

Куќата на баба е место во кое попладнето може да трае вечно, секогаш срцето ни е мирно, имаме насмевка на лицето и глава полна фантазии.

Кај баба нема ништо невозможно, работите се секогаш едноставни, а повторно мириса на љубов, на липа и шумски јаготки.

Домот на баба е место каде што ги пронаоѓаме спомените од детството и животот на нашите родители.

Овој луксуз, да ја посетам мојата баба, за жал веќе го немам...

Но, кога би можел да се вратам назад низ годините, веднаш би замолил: „Може ли денес да спијам кај баба?“

(Преземено од Фејсбук: Непознат автор)

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg