Во градскиот парк во Скопје пар шеташе на дожд, без чадор, како светот да сопрел за нив – ете таква љубов!

vo-gradskiot-park-vo-skopje-par-shetashe-na-dozhd-bez-chador-kako-svetot-da-soprel-za-niv-ete-takva-ljubov-01.jpg

Ако времето е дождливо и сиво, градскиот парк во Скопје е празен, а јас пак го сакам дури и таков. Некако има посебна магија, мирен, празен, некако мој.

И има уште по некој како мене, а неодамна видов пар кој сосема полека си се шеташе по влажните патеки, иако врнеше сѐ уште и немаа чадор.

Поромантично нешто не сум видела одамна.

Таква љубов секому посакувам.

Како да си беа самодоволни, како да не се грижеа за светот, како да веруваа дека само љубовта е важна.

Ниту дали ќе им се наводенат капутите или дали ќе настинат затоа што е студено, верувам дека не мислеа апсолутно на ништо.

Не се плашеа од дождот, туку уживаа во него и беа исти во тоа.

Затоа што има луѓе што уживаат во дождот, но не можат да пронајдат личност што го чувствува истото што и тие.

А овие двајца си се имаа најдено. Си беа еден на друг совршени.

Тоа што за некој е лудило, за нив беше сосема нормално.

Тоа што за друг е хаос и несакана ситуација, за нив беше право уживање.

Тоа што за некој е време соодветно да се седи дома, за нив беше време совршено за прошетка и прегратки.

Ете таква љубов посакувам секому. Љубов од која сопира сѐ околу вас.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: С. С.

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Брат, плачат ли бе маживе во Македонија? Порано брат, цврст како карпа. А бе мене ништо не ме допирало. Не дека не сум се...

Најчитани неделава