Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Чичко пушти летки“, крадење зелени кајсии и уште неколку спомени од детството

Ех, кога бевме деца...потребни се само неколку „времеплов“ разговори со пријателите за да се потсетиме на најубавите безгрижни моменти од детството. За жал, нема да се вратат никогаш, но ни остануваат прекрасни спомени за едно поинакво детство од она на денешните деца...

chichko-pushti-letki-kradenje-zeleni-kajsii-i-ushte-nekolku-spomeni-od-detstvoto-01.jpg

Кога одевме во WC викавме да дојдат да нѐ избришат: „Готовооо!“

Ѕвоневме на непознати броеви и дишевме во телефон.

Ѕвоневме на врати кај комшиите во маало и бегавме.

Се разочарувавме кога за роденден ќе ни подареа облека или тетратка наместо играчка.

Пиевме сок од вишна и се правевме дека пиеме вино.

Гледавме цртани докај 19 и 30, потоа знаевме дека е време за спиење.

Бегавме кога проаѓаше „Старо купувам“ на улица.

Купувавме мастики „цигари“ и се правевме дека пушиме. Ова го правевме и со грисини стапчиња.

Скришно ѕиркавме додека мижевме кога на телевизија ќе имаше некоја љубовна сцена.

Си игравме продавница, доктори, фризери, учителки... по цел ден, надвор.

Правевме чатали и игравме џамлии.

Крадевме зелени кајсии и сливи од дворовите. Крадење цреши беа најдобриот дел од летото.

Секогаш се каравме и бевме во „војна“ со децата од соседната улица или маало.

Цртавме со парчиња цигли по улици.

Игравме жмурки, камај, народна, брканица, џамија, цигари, претвори се...

Дома не одевме ни за јадење – родителите ни правеа сендвичи со путер, сирење и патлиџанче и ги јадевме на улица.

Сите бевме во банди.

Игравме расипан телефон и имавме тајни.

Кршевме семки од кајсии на улица.

Кога авиони пуштаа флаери викавме: „Чичко пушти летки“.

Се радувавме кога ќе ни дадеа пари за флипери.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Иван Јованов за CRNOBELO лексикон: „Им ја извадив вратата на комшиите кои не сакаа да ми ја вратат т... „Бев одличен до осмо, ама во средно почнав да забушавам, но од тогаш и заработув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg