„Огнен“ партиски обожавател

Како изгледа денот на еден „огнен“ обожавател на политичка партија за време на предизборна кампања?

ognen-partiski-obozavatel-001.jpg

Бидејќи деновиве сакале - не сакале сме бомбардирани со избори и гласање, не може а да не приметиме колку некои луѓе околу нас се опседнати со партијата чии членови се, иако никогаш не виделе никаков аир ниту корист од неа.

А и да видат, тоа сепак не ги менува смешните факти за оние најжустрите кои очекуваат „брда и долине“ од своите фаворити.

Тука не мислам на оние кои активно се занимаваат со политика, на оние кои својот леб го вадат преку тоа, луѓе кои немаштијата ги натерала да бидат политички активни, ниту пак симпатизери на партиите, кои ги ценат идеалите на својата партија.

Мислам на демек "опседнатите" со некоја партија, чиј што најблизок контакт со својот омилен политичар се случил на свечено сечење лента на отварање на некој објект (нашиов „ватрењак“ имал чест да му ги подаде ножиците на својот идол за да се изврши свеченото сечење и сè уште ја чува снимката од мтв во архива и при секоја слава, крштевка или пијанка им ја пушта на своите гости горд ко Делфина коа се исправи после Ла Манш).

Да го прашаш кои се идеалите на неговата партија, ќе ти рече - шо е тоа идеал, да го прашаш дали е десничарска, левичарска, демократска, конзервативна, итн... појма ќе нема.

Додека сите имаат омилен бенд, пејач, храна, пиење, кафана, глумици, селце за одмор, професија...нашиов обожавател има само омилена партија.

И уште еднаш да напоменам дека се работи за оние "фејкерски" симпатизери кои доколку добијат макар и сендвич од противничките партии, веднаш би ги продале своите "идоли".

Секоја чест на оние верни поддржувачи и политички определени луѓе кои навистина ги ценат своите партии и поголем број од доленаведените работи навистина ги прават поради љубов и верност кон својата партија.

Не мислам ниту на оние неуки и сиромашни луѓе кои се манипулирани од некои....Нашиов "верен" обожавател е итар стар лисец, македонски Минхаузен, во текстов прикажан фиктивно. Секој кој ќе се пронајде е чиста случајност (се надевам нема многу такви) :)

Вака изгледа секојдневието на огнениот партиски обожавател за време на предизборна кампања:

05:00 Ѕвони алармот. Нашиот обожавател се буди со химната на својата партија како ринг тон за аларм на својот мобилен и со осмех од уво до уво си ја пее, се прекрстува три пати и наместо Оца, сина и светога духа ги кажува своите три омилени политичари. Иако цела ноќ лепел плакати и си легнал во 4, тој веќе во 5ипол излегува од дома, да изврши проверка дали некаде ги уништиле, или скинале плакатите, или пак додека сè уште нема народ по улиците, да успее да направи некој зулум на плакатите на противничкиот табор.

07:30 Оди во маалската продавничка да пазари и нормално додека е внатре, на сите останати купувачи им пропагира како неговата партија е најдобра и како оној од конкурентската тајфа вчера се изрезил со некој говор на ТВ.

Полн е со самодоверба и 253 проценти сигурен дека неговите миленици ќе тепаат на избори со 70 посто гласови. Дури поради комшиите се грижи и бојата на кесата да биде иста со заштитната боја на неговата партија (пошо е нафуран дека - „шпиуни су меџу нама, кваре нашу идеалну везу“, не дај боже да го сликнат како носи кеса со боја на спротивното племе, ќе биде обележан за век и веков).

10:00 Доручкува и пие кафе читајќи весници, гледајќи ТВ и пцуе и колне сè до трето колено на, според него - преварантите, оние од конкурентските партии кои што го лажат народот, сите се хоштаплери, Македонија ја испокрадоа, на времето сигурен е дека ради нив пропадна тоа и тоа (ех да беа/да се моиве на власт, сеа до Индија ќе беше Македонија, Саше Фактор Х на Месечината ќе го пратевме, жена ми секој ден ќе идеше до Солун на пазарче...) екранот на телевизорот е цел со сочни плунки кои се разлеваат по него (причинети од  неговите кунг фу потези - Пу јзк или Пу, племе ви...).

Оние најхардкорот сè уште се пред продавничка/коперација, пијат пиво и продужуваат дебати со останатите сродни души каде што може да дојде и до опасен фајт ако навијаат за различни тимови (Џанго пуца први други део).

13:00 Ги посетува локалните штабови на своите љубимци гордо шетајќи се со маица која изразува подршка на неговиот клан - „Гласајте за Петко и Станко, они се боље од Људмил!“

При влез во штабот повторно се крсти и ги бакнува сликите на своите љубимци. Тука иако е меѓу свои (ама во ова време на предајници никад се не зна) врши стручна проверка и тестирање на база на психо анализа, дали некој од нив имал нешто со спротивен табор (макар и да се возеле од иста страна на Партизанска) и ако открие дека има таков сотоњар, веднаш го прогласува за Јуда, издајица рода свога и аутоматски новопечениот Јуда више не е на ред за чекање за радно место у Комуна Јурумлери.

Проверува што пропаганден материјал има по фиоки, божем да делел по пријатели и комшии, пуни една вреќа иде дома и скришно ги пика у шупа, кај останатите залихи од изборите 1996.

16:00 Се пресоблака, облекува неутрална маица, троа искината, изигравајќи црковно глувче и трга кон спротивничките штабови. Ако случајно го види некој од неговите, кажува дека он у партија е уствари македонскиот Џемс Бонд и иде у шпиунажа кај клетиве душмани да сазнае што више информации и корисни трачови.

Али кога мачката спие, глувците оро играат, веќе на сам влез у противнички табор, почнуе да глуми као Никол Кидман, кутрите волонтери од штабот му даваат пуна торба пенкала, маици, упаљачи, по нешо за мцкање и со благослов го испраќаат дома (читај у шупа, да си ги допуни залихите).

18:00 После мал одмор и замивање груда и мишка, се прска со  колонска „Покошено сено“ и со колоната клонови истомисленици тргнуе на најсвечениот и најгорд моменат - митинг.

По пат се фали како у шпиунажа видел кој све е на список за гласање кај хоштаплерине, го фатил тој и тој со швалерката, па го бркале 4 коли до Радишани и клоновиве цели воодушевени ракоплескаат ко на Лебедево езеро и горди се шо уште има толку храбри патриоти у земјава извикувајќи го неговото име и името на врховните светци од партијата.

Со пиво или вино у рака, знамето на својата партија и пропратни знамиња повторно ја пее партиската химна, док зборат неговите идоли, се дере колку што го држи глас - ТАКА ЕЕЕЕ... на секоја можна реченица излезена од нивните малечки, а сепак толку големи усти.

Ако не се напраи дрво пијан, иде у први редови за да допре бар дел од сакото на своите миленици, или да ги фати макар за средниот прст. А ако е дамла, иде на местото шо пред 568 години му припаѓало на неговиот прапрапрапрапрапрапрапра дедо и ги колне хоштаплерите дека не му го вратиле со денационализација. (Рака на срце за оние што стварно требало да земат пари од денационализација, а не им било ништо дадено...и ја би колнела богами).

23:00 Се прибира дома, да ги фати задњите вести на ТВ да сазнае нови трачеви, нормално вестите ги гледа на ТВ која што е наклонета кон неговата партија и се величаат само неговите идоли, слуша дека на митингот имало 3 милиони луѓе и со сузи у очи пак ги бацува своите идоли на ТВ екранот (право у неговиот шлаем, оставен за аманет, кога плукаше утрото).

Таа телевизија му доаѓа нешо као Госип Грл, а неговата родна грутка - Апер Ист Сајд. Не дај боже жена му да смени на друга ТВ шо ги поддржува хоштаплерите, у момент може да го стегне инфаркт, (инфРакт - удар срца, шо би рекла малце потресената) поради изречени небулози и лажги.

Ако е уморен си ја пушта уше еднаш химната, снимката од примопредаја на ножиците, ја листа партиската програма (Твоето писмо, моја библија, шо би рекла една наша пејачка) и легнува да спие со молитва за победа на изборите.

Ако не е уморен, иде повторно да прави зулуми со плакати, да закачува знамиња по бандери и да прати клети сотоњари од оние другине партии, као да е папарацо од жута штампа...

Денот на избори: Го ставаат на гласачки кутии, цел ден шпиунира кој за кого гласа, кој со кого дошол до гласачко место, врти по телефони, им дише у врат на тие што заокружуваат, води евиденција у тефтерче за сите шо ги знае (по фацата коа влегле позади параван приметил за кого гласале).

И коа иде да си земе сендвич за време на пауза, сфаќа дека од сендвич овие од партија не му остаиле ни с, дубоко воздивнува и си вика у себе - Ма шо ги е*ам, ќе гласам за другиве, и онака фајде не видов од овие годинава... И така се до наредни избори.

И за крај, еве ви од мене предлог романтична смс порака за викендов :)))

Ми фалиш ко на Мзт титула, ко на Сури у тешки моменти „волшебна“ пилула, ко на Скопје на Вардар уште една плажа, ко на стари моми бурма, пошо сакаат да се мажат. Те сакам е тешка мисла, али ова више нема смисла.

Љубовта наша е ко Центро и Газела у стечај, ко усред Партизанска сообраќаен "поремечај". Иде 5 јуни, а ја не те дружам, али знам дека место Петко и Станко твое име на список ќе заокружам :-)

Автор: Тина Мицковска

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg