Сите имаме по една другарка со која имаме милион спомени, а ниту една фотка – таа ни е сродна душа

Сите ние имаме по една другарка со која имаме милион заеднички спомени, а ниту една заедничка фотографија. Звучи како пост на социјалните мрежи, но навистина е така.

Site-imame-po-edna-drugarka-so-koja-imame-milion-spomeni-a-nitu-edna-fotka-koja-e-taa-01.jpg

Секој од нас, за жал има барем по една другарка со која што имал безброј луди и незаборавни моменти, а потоа се случил животот.

Некоја од двете се преселила. Некоја од двете си заминала. Некоја се посветила на кариерата. На семејството. Останале само бледите фотографии направени некогаш во минатото, убавите спомени и секако долгите разговори на интернет.

Во миговите кога сме најсреќни и најтажни, ги бараме овие другарки, сакаме со нив да ги споделиме миговите. Така, завршуваме со долги разговори на телефон, на видео повик или со реферати испишани во пораки. 

Додека траат долгите разговори на интернет посакуваме само на миг да можеме да ја прегрнеме другарката и да ја почувствуваме топлината и блискоста.

Во миговите кога споделуваме фотографии од најблиските посакуваме да имаме барем една понова заедничка фотографија со таа сакана личност, но за жал ја немаме – ни недостасува, ама сме среќни затоа што, иако животот можеби нè попречил да бидеме поблиску, сепак се имаме една со друга, за лошо, за добро.

И најважно е тоа што во миговите кога ќе се видиме со таа другарка, како времето да застанало – разговорите продолжуваат таму каде што застанале последниот пат, а фотографии повторно забораваме да направиме, затоа што немаме време - не можеме да се доискажеме што сè имаме да си кажеме.

И двете имаме по нешто да си кажеме што сме го чувале за средбите кога ќе се видиме очи во очи иако секојдневно си пишуваме или се слушаме.

Сите имаме по една другарка што често ни е во мислите, знаеме дека што и да направиме, таа ќе нè разбере и ќе нè сака такви какви што сме, со сите маани и недостатоци, затоа што на крајот на краиштата таа е нашата сродна душа. 

Иако немаме голем број заеднички фотографии, секогаш кога ќе помислиме на таа личност нè греат убавите спомени и среќните мигови што сме ги поминале заедно.

Која е вашата пријателка со која имате безброј среќни спомени, а ниту една фотографија?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Росана Сариќ на календар, Дарио во бунда - Ретро-фотки кои ќе измамат насмевка на сите што растеа во... Наум Петрески млад во нукрачко одело, Тијана со црвена коса, Ребека во бикини - ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg