Исповед на маж: „Јас сонувам за деца, а девојките за совршен дечко за на Инстаграм - очаен сум“

„Јас сум добро момче. Секогаш ги третирам жените добро, им купувам цвеќе, им кажувам дека ги сакам и дека се убави, ама жените бараат совршен дечко за Инстаграм и јас не сум најфотогенична личност“ – стои во писмото на мажот што стравува дека му минува времето и нема да ја најде сродната душа за да добие дете. Дали на мажите што не се премногу фотогенични им е проблем да најдат девојка?

ispoved-na-mazh-jas-sonuvam-za-deca-a-devojkite-za-sovrshen-dechko-za-na-instagram-ochaen-sum-01.jpg

Кога ќе се спомне терминот „биолошки часовник“ веднаш помислуваме на жените и на женската популација. Но, потребата за формирање семејство не е само женски проблем, постојат и мажи што се нетрпеливи да формираат семејство и да станат родители. 

ispoved-na-mazh-jas-sonuvam-za-deca-a-devojkite-za-sovrshen-dechko-za-na-instagram-ochaen-sum-02.jpg

Во таа насока е и писмото што еден анонимен писател го испратил до колумнистката на британскиот весник The Sun, Дидре, каде говори за тоа со какви проблеми се соочува затоа што не е премногу фотогеничен и девојките не сакаат ниту да му дадат шанса.

Во продолжение проследете го неговото писмо во целост:

„Драга Дидре,

Јас сум сингл маж и очаен сум да бидам татко. Го чувствувам отчукувањето на биолошкиот часовник и очаен сум да најдам девојка, но немам среќа.

Очајно се обидувам да најдам девојка и да имам бебе.

Јас сум добро момче. Секогаш ги третирам жените добро, им купувам цвеќе, им кажувам дека ги сакам и дека се убави. За жал се чини дека тоа не е доволно повеќе.

Жените бараат совршено Инстаграм момче и јас не сум најфотогенична личност. Ако не направиш пластична операција за да го направиш лицето совршено за фотографии немаш никакви шанси.

Дури ги разгледав можностите за сурогат-мајки, но многу се скапи. Сакав да станам татко уште откако се роди внука ми пред десет години.

Мојот живот ќе биде празен ако не станам родител. Имам 37 години и чувствувам дека немам повеќе време и опции. Навистина ми се крши срцето.“

ispoved-na-mazh-jas-sonuvam-za-deca-a-devojkite-za-sovrshen-dechko-za-na-instagram-ochaen-sum-03.jpg

Според Дидре, овој маж треба да направи неколку клучни измени и да поработи на себе, доколку сака да го постигне тоа што го сака. Како што вели, не е до Инстаграм, туку проблемот е во тоа што тој има погрешен пристап кон целата ситуација, па му порачува:

„Престани да се споредуваш себе со другите мажи на Инстаграм – голем дел од нив ги обработуваат овие фотки во Фотошоп пред да ги објават.  

Потребно ти е да го промениш пристапот и да се обидеш прво да стекнеш пријателство со девојките, па потоа да започнеш романтична врска.

Ако си премногу фокусиран на тоа да добиеш бебе, звучиш очајно и тоа не им се допаѓа на жените.“

Што мислите вие? Дали на мажите што не се премногу фотогенични им е проблем да најдат девојка?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg