„Ги продадовте нивите за да купите станче во Скопје“ – е па јас не сум од тие и го сакам мојот мал град!

Колку пати сум го слушнал ова – ги продадовте нивите, ги фрливте опинците од селото и дојдовте во големиот град? Дури и да е така, во што е проблемот? Дали сте помислиле колку малку можности нудат останатите, помали градови во споредба со Скопје? Зошто да ги обвинуваме луѓето кои се во потрага по парче леб? На крајот од денот, можеби е сепак прашање на избор – некој сака да живее во поголем град.

gi-prodadovte-nivite-za-da-kupite-stanche-vo-skopje-e-pa-jas-ne-sum-od-tie-i-go-sakam-mojot-mal-grad-01.jpg

Јас од друга страна, го обожавам мојот мал град. Тука сум роден, тука сум израснат и освен четирите години додека студирав во Скопје, останатите 30 ги имам поминато тука. И се надевам дека тука ќе останам до крајот на животот.

Дали е идеално? Секако дека не е. Мојот мал град во источниот дел на Македонија како и многу други на оваа страна е практично заборавен од државата.

Бидејќи Скопје е епицентарот, таму најмногу се вложува и можностите се поголеми. Но, јас успеав да изградам мал бизнис од почеток и не би го менувал животот во малиот град за ништо.

Тука се сите мои пријатели и роднини. Кога и да ми треба помош околу нешто, секогаш се наоѓа човек. И во добро и во зло, сите се тука. Можам да најдам мајстор за сенешто, во секое време, дури и во недела навечер. Ги знам сите и сите ме познаваат мене и не гледам ништо лошо во тоа.

Животот во мал град си има многу предности. Не плаќам паркинг. Немам потреба да го палам автомобилот, речиси секаде стигнувам пешки. Загадувањето не е толку големо.

Поблиску сум до природата, до шуми, реки и полиња. Го имам мојот огромен двор кој со задоволство си го уредувам, додека во Скопје се задушував во мал стан додека студирав.

Ми се допаѓа нашиот мирен начин на живот и луѓето се генерално посрдечни и порасположени, можеби затоа што се знаеме секој со секого. Никаде не се брзаме. Не знам што значи сообраќаен метеж. Не знам како е да се заглави „во гужви“ после работа. Нема огромни редици пред шалтерите, нема караници.

За некои ваквиот живот е досаден, за мене е спокоен и мирен, а мирот нема цена. Кога само малку би се посветило внимание на овие градови и би се вложувало во нив, верувајте дека никој не би сакал да си замине од градот во којшто израснал.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg