Дневник: жена сама на одмор

Мојот одмор на крстарење – сама, без мажот кој остана дома за да го развива бизнисот. Знаете, мора од нешто да се живее. Си пишував дневник.

dnevnikot-na-zena-sama-na-odmor-001.jpg

Вака си поминував:

Ден 1

Спремна сум за ова прекрасно крстарење. Си ги понесов најубавите фустани. Уф ама сум возбудена!

Ден 2

Цел ден бевме на море. Беше преубаво. Видов неколку делфини и морски китови. Колку убаво ми започна одморот. Денес се сретнав со капетанот и ми се виде интересен.

Ден 3

Цел ден бев на базен, нуркав и играв голф. Капетанот ме повика да вечерам со него. Ми беше чест. Многу е згоден и забавен.

Ден 4

Бев во казино и добив 110 евра. Капетанот ме повика на вечера во својата кабина. Школки, кавијар, шампањ... Ме покани да останам со него, но јас го одбив. Му реков дека не сакам да го изневерам сопругот.

Ден 5

Повторно бев на базенот и малку изгорев на сонце. Отидов во пијано барот и таму го поминав остатокот од денот. Капетанот ме покани на пијачка, навистина е многу љубезен. Повторно ме праша дали сакам да ја поминам ноќта со него и повторно го одбив. Тогаш ми се закани дека ако не одам со него во кревет ќе го потоне бродот. Останав скаменета.

Ден 6

Денес им го спасив животот на 1.600 луѓе... Четири пати!!! Многу сум среќна!

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg