Детство во 90-тите: Пливавме во езерцето Треска, се возевме на Панорамата во Луна Парк и пеевме на Златно славејче

Скопските лета отсекогаш биле топли, да не речам пеколни, па во тие денови, кога Охрид и Претор беа далеку спасот го наоѓавме на езерцето Треска, совршено место за разладување и уживање на скопјани во 90-тите. Мајка ми често со носталгија се сеќава на тие денови, и знае да каже, па пола Скопје на езерце научи да плива.

detstvo-vo-90tite-plivavme-vo-ezerceto-treska-se-vozevme-na-panoramata-vo-luna-park-ipeevme-na-zlatno-slavejce-01.jpg

Оние кои растеле во 90-тите години на минатиот век сигурно, како и јас, носталгично се сеќаваат на тие едноставни и убави времиња, каде среќата беше во малите нешта, како шеќерна волна од чичкото пред влезот на Луна паркот и Снежец на плажа на езерцето Треска во жешкото скопско лето.

Денес, овие две, тогаш култни места не постојат, но тука се сеќавањата, да не вратат дваесет години наназад и да ни измамат слатки насмевки.

Свечено одење во Луна Парк

За мене и моите наивни десетина години во кои сè што светкаше и се мрдаше ми беше интересно, одењето во Луна паркот ми беше свечен чин кој нетрпеливо го очекував. Во Луна Паркот одев на важни датуми, како родендени и на крајот на школската година, честење за петките.

А по забавниот ден во паркот, секогаш следеа ќебапчиња во ресторанот Езерце и сладолед од Апче, тоа е таа добитна комбинација.

Цела недела се спремав за одењето во Луна парк, бирав облека и детално планирав како ќе ги потрошам моите пет возења. Се сеќавам имаше билет за едно возење, од 5 и 10. Почнував со количките на судир, а каква еуфорија и адреналин, како на Формула, следеше Бамби на тркалото, потоа авиончињата што летаа, возење со вовчето и на крај Панорамата.

Кога пораснав и почнав да патувам и посетувам забавни паркови сфатив колку нашиот бил скуден и стар, но тоа во време, мене ми беше вистинско доживување.

detstvo-vo-90tite-plivavme-vo-ezerceto-treska-se-vozevme-na-panoramata-vo-luna-park-ipeevme-na-zlatno-slavejce-02.jpg

Езерцето Треска, летна атракција

Скопските лета отсекогаш биле топли, да не речам пеколни, па во тие денови, кога Охрид и Претор беа далеку спасот го наоѓавме на езерцето Треска, совршено место за разладување и уживање на скопјани во 90-тите. Мајка ми често со носталгија се сеќава на тие денови, и знае да каже, па пола Скопје на езерце научи да плива.

detstvo-vo-90tite-plivavme-vo-ezerceto-treska-se-vozevme-na-panoramata-vo-luna-park-ipeevme-na-zlatno-slavejce-05.jpgфото: Википедија

Беше достапно за сите, дури и автобус имаше до таму, а и камп приколки, еден голем ресторан и базен за малите деца. Ама, јас бев голема, и со уште поголема гума за пливање цел ден од вода не излегував.

Тажна е судбината на ова култно скопско место, ама сепак надежта не умира, се надевам дека еден ден ќе се врати неговиот стар сјај, детска врева и лудории на вода.

Универзалната сала и Златно славејче

Живеам во Карпош, па често поминувам покрај Универзалната Сала и секогаш се сеќавам на едни убави времиња а најмногу спомени евоцирам од училишните посети на Златно славејче и Новогодишните претстави со Дедо Мраз. Сигурно, барем двапати во годината ја посетувавме.

Златно славејче беше поим за детски фестивал, потајно сакав да бидам дел од танцувачите во заднина. А покрај него, беа и Калинка, Супер ѕвездички и Сител Бамбини, имаше што да се гледа и посетува, интересно, забавно, детско, онака шарено и невино. Со програмата во раце или запишани во споменар, ги очекувавме новите епизоди и репризи, бидејќи немаше како сега, гледај кога сакаш.

А на телевизија Умни глави, Дајте музика, На детски начин, Пулсирања, испраќавме неколку метарски писма, пишувавме песнички цртавме, лепевме детска пошта, а како награда ни даваа постери и касети. Ах… беа тоа навистина исполнети денови со искрена забава!

А кога веќе се навраќам во минато, не толку далеку, ама сепак помина дваесетина година, вреди да се споменат лизгалиштето Маки под Кале, воениот базен и панаѓурите на просторот кај „Сок банки“ со циркуси и патувачки забавни паркови.

Недостасуваат нели?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg