Вистинита приказна од читател

Приказнава е инспирирана од вистинска случка на наш читател:

vistinska-slucka-kolku-ste-srekni-001.jpeg

Скоро безнадежен и полн со грижи, скитам по улица на 40 степени, чекам на семафорот да светне зелено за пешаци.

Чекам и си размислувам:

„Ехх, зашто немам кола, да не се акам пешки по жештиниве, зашо ми се излупиле патикиве, добро стари се, мора нови да се купат....''

Од другата страна на улицата, во инвалидска количка, седи човек без нозе, со едната рака пиеше ладна вода од шишенце, а со другата ги туркаше тркалата и полека се симна од тротоарот долу на пешачкиот премин. 

Го знаете ли чувството кога ќе се напиеш ладна вода?  Е, токму тоа чувство предизвика таква насмевка на лицето кај него. Тоа буквално ме закова за земја, што дури и после 5 секунди од кога се запали зелено, јас се уште стоев на мојата страна на улицата. 

Тргнав да поминам, но веќе беше доцна, па се вратив назад...

Се разминавме, тој помина покрај мене. Јас сè уште го имав истиот израз на лицето како и пред некоја секунда, а неговиот? Ведрина, каква што немав видено до сега.

- Убав ден господине, нели? 

- Хех, да да (му возвратив)

- А, вие се заборавивте да ја поминете улицата? 

- Па, се замислив и така заборавив...

Се насмевна човекот и продолжи да се движи.

Мојата замисленост од пред малку, сега премина во засраменост.

Се откажав од идејата да ја преминам улицата и да се качам во автобус. Се свртев наназад, со поглед го следев непознатиот човек како елегантно се пробива низ гужвата, а потоа продолжив пешки.

Овој пат засраменоста премина во некое друго чувство, некое ново чувство кое до сега го немав почувствувано.

Сè уште несвесен за моето ново недефинирано чувство, збунет од случката од пред малку, продолжив да се движам.

За кратко забележав дека повеќе сонцето не ми пречи, дека пешачењето на плус 40 не е воопшто напорно, на патиките воопшто и не забележав...а, сите грижи кои до тогаш ме мачеа, некако како да исчезнаа наеднаш сами по себе....се почувствував безгрижен...

Конечно сфатив колку сум среќен. А, вие?

Му благодариме на Александар Димовски што ја сподели оваа случка со нас.

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg