9 типови на луѓе кои ќе ги сретнете на плажа

Ако се подготвувате и конечно пакувате за долгоочекуваниот одмор, подгответе се за луѓето кои ќе ве дочекаат на плажа.

9-tipovi-lugje-na-plaza-001.jpg

А, ако веќе сте се вратиле потсетете се на сите оние кои ги сретнавте на плажа и проверете дали се сите на број.

1. Припадник на друштвото

Овој тип ретко се одвојува од групата со која е дојден на плажа. Главната поента на неговиот одмор е да шмека девојки. Целото негово друштво е во потрага по внимание – галами, прави глупости на плажа, фрла по грешка со топката до девојката, дофрлаат...

2. Припадничка на друштвото

Освен момци има и вакви девојки кои си се држат исклучиво до своето друштво. Женската група е препознатлива по своите споени лежалки или пешкири еден до друг, окружени со куп „помагала“ за на плажа – женски списанија, креми за сончање, огледала, четки за коса, сјај за усни, шишенца вода. Тие по цел ден се кикотат оговарајќи ги луѓето околу себе. Глумат незаинтересирани, но тајно под наочарите за сонце го посматраат машкото друштво до нив.

3. Осамен чудак

Тој е тивок и таинствен. Често седи со маица на плажа за да не изгори. Носи пераи, маска за нуркање и куп непотребна опрема која не ја користи. Шета низ плажата, собира школки, медитира на највисоката карпа во морето. Не шири познанства наоколу и ужива во самотијата.

4. Спортист

За на плажа е опремен со куп спортски реквизити – од топка до рекети и нема да се откаже од својата намера да игра се додека не ги наговори сите свои пријатели. Ова хиперактивно дете најчесто ќе ви го преврти душекот додека лежите на сред море или ќе ве погоди по глава со топка. Пред да игра одбојка се мачка со еден тон масло и сjae од километар, а милува да носи тесни шорцеви кои му го истакнуваат вежбаното тело.

5. Дежурен ди-џеј

Најчесто е член од машкото друштво кој има паметен телефон и снимено еден куп музика која ја менува цел ден, а ја слушаат сите посетители на 500 метри околу него. Кога ќе му снема батерија оди и носи звучници со Mp3 плеер и продолжува со исто темпо. Без разлика што неговата музика се меша со уште 3 различни од околните кафулиња.

6. Љубители на сонцето

Лесно се препознатливи по силно изразениот темен тен или евентуално изгореници. Маслото и кремите се единствениот реквизит кој го носат со себе на плажа. Се печат по цел ден и единствено влегуваат да се избањаат на кратко за да се оладат. Чадор за сонце е непознат поим.

7. Старецот и морето и неговата жена

Пензионери кои нема да ве вознемируваат ако сте отпорни на постојани муабети за времето, актуелните политички проблеми, оговарање на роднините, пријателите или комшиите. Често се гласни заради слабиот слух, а задолжително ќе ви дадат од нивните праски и лубеница. На плажа се од 8 часот наутро до 10 па попладне после 19 часот.

8. Упорен фраер

Ова најчесто е локален мангуп кој сака да ја шармира целата плажа. Неговите упади, вицеви,  приказни невозможно е да не ги чуете. Се додворува на се што ќе му наиде на патот и мисли дека е главен кога ќе наиде на туристки кои не го разбираат неговиот јазик. Што е најтрагично, има многу девојки кои паѓаат на овој локалец.

9. Големо семејство

Изгледаат како да излегле од некоја серија. На прв поглед мирни и среќни, но кога ќе дојдат и бабата, дедото, тетката, стрината, братучедите...не им се фаќа крај. Кој пие, кој плаќа, кој трча по деца... ако имате среќа ќе си отидат дома за ручек – ако не, пакувајте се и менувајте место на плажа.

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg