Усреќен бездомник од Скопје, поддржани фудбалери со тон емоции – ваква Македонија сакам!

Ете, ваква Македонија сакам! Македонија позитивна, сплотена, ведра, среќна Македонија!

usrekjen-bezdomnik-od-skopje-poddrzhani-fudbaleri-so-ton-emocii-vakva-makedoniija-sakam-01.jpg

Убаво ми е на душата кога ќе отворам Фејсбук и наместо тон негатива, политика и препукувања, ќе наидам на нешто убаво, на вест која ми ја грее душата.

Така случајно наидов на објавата на професорката Валентина Панџарова, која вирално се споделува.

Таа раскажува како ученици од гимназијата „Никола Карев“ од Скопје му го разубавеле денот на еден бездомник.

„Дедо Исмаил е 38 години бездомник. Одамна го гледаме на ќошот на Гимназија Никола Карев, седнат, полуслеп, истоштен, во придружба на кучето, па и тоа бездомник. Одвреме, навреме децата му оставаат сендвич, кој го дели рамно на пола. Пола за него,пола за другарчето.

Пред некој ден, учениците од Карев разговараа со него за животот, за здравјето, за потребите... Скромен, вели не му треба ништо освен чист џемпер и маица.

За кратко време му ги подарија. Деца се тоа, чисти, жалосливи, искрени...Прашаа што може друго да сторат за него. Дедо Исмаил одвај проговори дека би сакал некогаш да се избричи.

Лека, полека, колку му дозволуваат годините што му натежнале, во придружба на Каревци го однесовме до првата берберница, каде љубезниот персонал го дотера.

Горда сум на вас деца, знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница. Делата се битни“, напиша таа.

Верувам дека и вам ви е топло на срцето што имаме ваква младина.

Потоа отворам Фејсбук и гледам како знаеме од срце да навиваме, каква силна поддршка сме за македонската фудбалска репрезентација.

Ги бодриме со тон емоции, ги славиме токму онака како што заслужуваат, а многу Македонци отидоа и таму во Порто, Португалија за да ги поддржат.

Се пеат македонски песни, се вее нашето знаме.

Ете, ваква Македонија сакам! Македонија позитивна, сплотена, ведра, среќна Македонија!

Почувствувајте ја еуфоријата - „Португалците се сликаат со нас“ - македонските навивачи ја пренесуваат атмосферата од Порто за CRNOBELO.com (фото+видео)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...

Најчитани неделава