Мојата пријателка на 25 години имаше булимија и едвај 40kg – го повраќаше секое јадење, а сега одново учи да живее

„Замка е огледалото” - ми говореше мојата пријателка со солзи во очите. Не ја сфаќав што зборува бидејќи тоа беше сè што ќе кажеше. И ништо повеќе. Јас ќе се насмеев, темата ќе се сменеше и така некое време.

mojata-prijatelka-na-25-godini-imashe-bulimija-i-edvaj-40kg-go-povrakjashe-sekoe-jadenje-a-sega-odnovo-uchi-da-zhivee-01.jpg

Сега, од оваа перспектива веќе сè ми е многу појасно. Беше булимична. Го исфрлаше сè она што го внесуваше со една единствена цел. Да биде убава. Да биде совршена.

За кратко време таа стана опсесивна и сè повеке задоволна со она што го постигнува. Броењето на нејзините коски ѝ претставуваше задоволство.

Беше тотално изгубена, на изглед неволна за живот, празна и истоштена. Константно нервозна. Со тресење на рацете, отсутност, празен поглед.

Од ден на ден беше сè послаба. Тоа сите го забележуваа. Секое излегување во град беше сè послаба. Непрепознатлива.

На почетокот избегнуваше заеднички средби каде што има храна. Потоа, создаде навика да јаде огромни количини на храна, а потоа навидум таинствено да се прикраде во тоалет. Тоа сите го забележувавме.

Се обидов да помогнам. Најпрво со убав разговор, на кој немаше реакција. Потоа со совет, не резултираше.

На крајот со поддршка и понудена помош од стручно лице, што беше одбиена.

Сè до една одредена граница кога таквиот испад заврши со прием на болничко лекување.

Се сеќавам на тоа време како да беше вчера. Кога животот ти виси на конец. Беспомошна млада девојка со сите блиски покрај неа, но сама. Сама во борбата која претстоеше.

Девојка од 25 години со одвај 40 килограми на неа. Нејзиното тело одвај се додржуваше, а таа само немо гледаше во една точка.

mojata-prijatelka-na-25-godini-imashe-bulimija-i-edvaj-40kg-go-povrakjashe-sekoe-jadenje-a-sega-odnovo-uchi-da-zhivee-02.jpg

И си велиш – Како стигна до тука, што те натера, што ти недостастуваше во животот за вака да се уништуваш? – Секако, одговор не очекував, бидејќи прашањата ги задржав за себе.

Процесот на нејзиното опоравување траеше со години, а можеби потајно и сè уште трае... Психолози и психијатри, нутриционисти и цела плејада на стручни служби во функција на здравјето.                              

Поддршката од семејството и пријателите беше клучна. Бевме покрај неа 24/7, а таа учеше како да живее од ново.

Залче по залче внесуваше храна како новороденче кое се привикнува на нови вкусови.

Јадеше мали оброци, а сепак за неа доволно големи. Пиеше вода со цевка, а брзата храна ѝ беше забранета. Исто како и благите.

Сега веќе и јас гледам со поинакви очи. Да, огледалото навистина дава моќен одраз, доволен да разори цел човек...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава