„Ако имаш повеќе, подели“ - Најубавите совети од мојата баба Марика за љубовта, животот и семејството

Не се сеќавам убаво на мојата баба Марика Василева (родена Димковска) од Велес. Починала во 1991 година кога јас сум имал само 6 години. Некако како низ магла ми се појавуваат некои слики од неа, контури од нејзиното лице, од нејзината бела како снег коса, од кроткиот чекор, нежниот допир, галењето. А тука се и фотографиите да потсетат...

Soveti-od-mojata-baba-preneseni-niz-godinite-za-ljubovta-zhivotot-semejstvoto-02.jpg

Како што ми кажува мојата мајка, баба ми била жена полна со мудрости. А како не би била? Родена во 1912 година, со младост помината низ војни, бегање, криење. Родила пет деца (едно женско и четири машки), кои ги изгледала, воспитала, ги направила добри луѓе.

Сите жени, сите наши баби родени во тие години се непресушен бунар од мудрости и животни совети.

Soveti-od-mojata-baba-preneseni-niz-godinite-za-ljubovta-zhivotot-semejstvoto-03.jpg

Ова се неколку од советите на мојата баба кои ги пренела на мојата мајка, и по кои се трудам и јас да живеам:

Жртвите во еден дом треба да ги прават и мажот и жената. Но најважно, треба да имаат љубов и почит еден кон друг, за таа жртва да е незабележителна.

Кратка и јасна мудрост која упатува на тоа да сфатиме дека без љубов и почит, не може да се има убав однос. Во било која врска. Ако се прави жртва без да се има љубов, тоа после може да прерасне во лутина и незадоволство. Што пак е погубително за секој брак, и за секој однос.

Затоа со дедо ми Васил имале прекрасен брак, исполнет со слога, љубов, разбирање, смеа.

Да не дозволуваат браќата и сестрите да бидат раскарани од своите сопружници, или кое и да било семејство да се растури од надворешно влијание. Бидејќи семејството е најважно од сè.

Многу се примерите во нашето општество каде браќа се раскарани поради своите жени, и сестри се раскарани поради своите мажи. На тој начин се растура целото семејство. Еден дел од семејството на мојата баба е стабилно и полно со љубов и разбирање. Но друг дел е во урнатини. Како горе искажаното да ѝ било еден вид пророштво за тоа што може да се случи со децата кои ги родила и изгледала.

Да запомниме и ние, дека сепак, семејството е најважно од сè.

Дете сакај го со срце, а не со уста.

Многу родители денес ги сакаат децата само со уста. Не ги воспитуваат соодветно, не го даваат своето родителско срце во развитокот на детето. Поради такви родители се создаваат деца силеџии, постои булингот и малтретирањето, децата стануваат одраз на нивните родители.

Децата да ги сакаме со срце, а не само со уста. Да ги воспитуваме да бидат подобри од нас, за тие да можат своите деца да ги воспитуваат да бидат подобри од нив.

Детето треба да се научи со уста, а не со ќотек.

Мојата баба била голем поборник за тоа деца да не се тепаат. Од ударите произлегуваат голем број на трауми, и секогаш знаела дека најдобар начин да се воспита дете е преку совети, примери, и разговор.

И секогаш го применувала тоа на нејзините деца.

Soveti-od-mojata-baba-preneseni-niz-godinite-za-ljubovta-zhivotot-semejstvoto-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава