Скапи играчки - потреба или луксуз? Плус, решение како да заштедите пари

Секој родител го сака најдоброто за своето дете. Но дали цената е пресуден фактор за квалитет? Кога се во прашање играчките, изборот е преголем. Може само да замислите што сакате да купите и на интернет истото да го најдете. Некаде на промоција, некаде е најдобро продаван производ, имате и онлајн опции за нарачки, а цените за деца се „боли глава”. Небаре купувате лускузен бренд кој ќе служи цел живот...  

skapi-igracki-potreba-ili-luksuz-01.jpg

Кога младите мајки ќе дојдат во продавница за деца, бираат модерна и фенси количка, а никој не размислува колку е тешка кога треба да се стави во багажник и какви тркала има за нашите „средени” тротоари. 

Велосипедите за баланс се модерно превозно детско средство кое постои последниве години, а го промовираа скандинавските земји. Обичниот велесипед веќе не е атрактивен. Барем не за повеќето родители. 

Јас како родител, се трудам максимално да го поминам времето со детето на квалитетен начин, користејќи интерактивни играчки, вклучувајќи и креативна работа. Макар да е тоа пенкало, боички и лист.

Зависно од возраста, педијатрите ги вбројуваат сликовниците, коцките и сложувалките како доста продуктивна игра за развој на мозокот кај децата.  

skapi-igracki-potreba-ili-luksuz-02.jpg

На страна од секоја втора продавница што нуди скапи, шарени, светкави играчки што едноставно примамуваат љубов на прв поглед (а знам дека за помалку од 24 часа веќе ќе се најдат скршени на земја), создадов една практика во домот откако забележав дека моето дете повеќе се интересира за предметите во домот, отколку за скапите играчки од продавници.

Работи во домот што на децата им користат повеќе од скапи играчки. За развивање на моторните вештини, интелигенцијата и имагинацијата.

Поттик добив од една од оние мајки кои решаваат да создаваат свое мало царство од играчки, направено од картонски кутии, ролни од тоалетна хартија, пластични чаши и шишиња, кутии за јајца.

Па, така на Инстаграм профилот на Сидни Пирсеј може да најдете безброј идеи од кои ќе се воодушевите:

За некои родители ова се глупости, потрошено време и залудно складирање отпад во домот, но кај моето дете почнав да забележувам промени во стилот на повеќе имагинација во играта, поголема грижа за играчките (особено доколку ме гледа додека ја правам играчката и сл.)

Од друга страна, веќе на интернет може да пронајдете безброј идеи како да креирате домашни играчки кои и ќе ви заштедат пари, и ќе може да влијаат на когнитивниот развој на детето.

Сè повеќе се наложува концептот на практични играчки, наместо скапи играчки, особено бидејќи интересот кај детето лесно се менува. Па така, вашата скапа количка престанува да биде атрактивна во моментот кога вашето дете веќе ќе ја осознае и научи нејзината примена.  

Не секогаш цената е мерило за квалитетот и намената, па иако е полесно да купите скапа играчка на батерии што свети и свири и на тој начин го стимулирате детето, седнете на земја и играјте со него. Нишкајте ја куклата, возете колички, правете кули од коцки.   

skapi-igracki-potreba-ili-luksuz-06.jpg

Нурнете се во светот на децата и помогнете им да ја развиваат имагинацијата која е без граници, на тој начин развојот на детето е неизбежен.

Па така, пред да направиш список на играчки кои си ги видела на интернет, сети се дека сето тоа е минливо и дека секое едно скапо парче пластика, утре ќе биде заменето со некоја друга играчка, додека и таа не се искрши.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg