Поучна приказна за тоа како да се справите со завидливите луѓе (ќе ви користи во животот)

„Кога имаш нешто во изобилие убаво е да го споделиш со соседите“ – му рекол човекот на стариот намќорест сосед што на секој начин се обидувал да му го расипе денот и секој ден му фрлал ѓубре пред вратата.

pouchna-prikazna-za-toa-kako-da-se-spravite-so-zavidlivite-sosedi-01.jpg

Поучна приказна која кружи на социјалните мрежи и носи убава порака:

Еден човек купил убава куќа со јаболкници. Во близина имало стара куќа во која живеел стар завидлив човек.

Тој се обидувал постојано да му го расипе расположението на новиот сосед: му фрлал ѓубре пред портата и му правел други местенки.

Еден ден, човекот се разбудил расположен, излегол во дворот и видел дека соседот пред вратата му оставил кофа со валкана вода и ѓубре.

Човекот ја истурил нечистата вода, ја измил убаво кофата и ја наполнил со вкусни црвени јаболка, по што отишол кај соседот и му тропнал на вратата.

Стариот намќорест сосед погледнал од прозорецот дека човекот е пред врата и си помислил: 'Конечно, го изнервирав!'

Ја отворил вратата подготвен да се расправа, а не очекувал дека човекот со широка насмевка ќе му ја даде кофата полна со јаболка и ќе му рече:

'Кога имаш нешто во изобилие, убаво е да го споделиш со соседите!'

pouchna-prikazna-za-toa-kako-da-se-spravite-so-zavidlivite-sosedi-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“ „Најголемата беља во детството беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук...

Најчитани неделава