„Ако сте маж, треба да се ожените, ако сте жена - нема потреба да се мажите!“

„Од идејата за брак добивам осип по телото. Веднаш штом ќе стапат во брак, жените треба да го избришат сопствениот идентитет, а животот на мажите значително се подобрува“ – вели авторката Мери Мадиган во колумна во која ги издвојува причините зошто, според неа, бракот како институција не им е наклонет на жените.

ako-ste-mazh-treba-da-se-ozhenite-ako-ste-zhena-nema-potreba-01.jpg

Сите жени што стапиле во брак знаат дека по промената на презимето, треба да поминат стотици процедури со кои целосно ќе си го променат идентитетот: промена на лични документи, промена на податоци во банка, ажурирање податоци...

ako-ste-mazh-treba-da-se-ozhenite-ako-ste-zhena-nema-potreba-02.jpg

Постојат и такви, млади жени, кои цврсто стојат на ставот дека бракот е застарена институција и дека немаат намера некогаш да застанат пред олтар.

Меѓу нив е и авторката Мери Мадиган, која за News.com.au пишува подолга колумна во која ги издвојува причините заради кои нема намера да стапи во брак.

Проследете ја колумната во целост во продолжение:

„Постои причина зошто бракот е добар за мажите, а жените во него страдаат. Затоа се менува и начинот на кој голем број луѓе размислуваат за бракот.

Воопшто немам желба да се омажам и зошто би имала? Знам дека со тоа ќе ми се намалат можностите за напредување во животот.

Живеам со моето момче повеќе од една година и сега сме на таа возраст кога луѓето постојано ни ги поставуваат истите прашања: ‘Кога ќе правите свадба? Да не ти предложи брак? Сакаш да се омажиш?’

Никогаш. Не. Не.

ako-ste-mazh-treba-da-se-ozhenite-ako-ste-zhena-nema-potreba-03.jpg

Цврсто стојам на ставот дека не сакам да се омажам и отсекогаш се чувствував така. Не сум религиозна и моите родители не се во брак, но живеат заедно над 30 години. Слично како Голди Хоун и Курт Расел, тие се среќно немажени.

Отсекогаш се восхитував на тоа што мајка ми го задржа своето моминско презиме и својата сметка во банка. Тоа ми се чинеше многу поинспиративно од кој било момент од свадби. Јас сум Кери во „Сексот и градот“ во периодот кога е верена за Ејдан: од идејата за брак добивам осип по телото.

Мојот намален интерес за бракот исто така доаѓа и од чувството за опстанок. Свесна сум дека мажите се тие што имаат поголеми придобивки во бракот од жените и тоа не само затоа што ја следам феминистичката писателка Клементин Форд на Инстаграм или затоа што сум била на голем број божиќни забави за да видам дека жените работат неуморно, додека мажите во моето семејство пијат пиво и уживаат.

ako-ste-mazh-treba-da-se-ozhenite-ako-ste-zhena-nema-potreba-05.jpg

Постојат цели истражувања што ми велат дека воопшто не треба да помислам на тоа да зачекорам кон олтарот. Научникот Пол Долан со години зборува за негативното влијание што бракот го има врз жените. Во 2019-та година Тhe Guardian направи репортажа за него и напиша: ‘Ако сте маж, треба да се ожените, ако сте жена нема потреба.’

Интересно, но професорот Долан забележал дека животот на мажите значително се подобрува кога ќе стапат во брак. Тие заработуваат повеќе пари, преземаат помалку ризици и живеат подолго. Во меѓувреме, жените стануваат понесреќни и стапката на смртност кај жените во брак е повисока отколку кај оние што никогаш не биле во брак.

Свесна сум дека бракот е променет и дека очекувањата да го земете презимето на мажот и откажувањето од финансиската независност не се како во минатото, но сметам дека прифаќањето на оваа архаична институција ги наведува луѓето да чувствуваат поголем притисок за да ги задржат традиционалните родово поделени улоги.

Навистина, во минатото, во брачните завети жените ветуваа дека ќе му се покоруваат на сопругот и причината заради која што жените носат бело е затоа што таа боја ја претставува нивната невиност – ужас.

ako-ste-mazh-treba-da-se-ozhenite-ako-ste-zhena-nema-potreba-07.jpg

Размислувам за мојата врска со мојот дечко и ми се чини дека сме неверојатно еднакви и дека имаме здрав однос. Зошто би сакале да прифатиме нешто толку старомодно како бракот? Само ми се чини дека е чудно да ја дефинираме нашата врска со помош на институција што не ги поддржува жените.

Размислете за тоа. Веднаш штом ќе стапат во брак, жените треба да го избришат сопствениот идентитет така што ќе го земат презимето на партнерот.

Сум слушнала за голем број жени кои велат дека го промениле значењето на поимот стапување во брак. Но, ако очајно се обидувате да се изборите против брачните традиции зошто би ставиле потпис воопшто? Тоа е како да се подготвиле забава за откривање на полот на бебето, додека истовремено зборувате дека полот воопшто не е важен.

Не сакам да стапам во брак затоа што тоа не ме привлекува. Сакам да имам сериозна врска со партнер што ми е верен, но воопшто не ми е грижа за белиот фустан, забавата или за тоа да бидам дел од институција што повеќе не ми изгледа значајно.

Според истражувањата, животот нема да ми се подобри животот и институцијата не е во мој интерес. Целосно ми е јасно зошто мажите сакаат да имаат сопруга, а зошто жените би сакале да имаат сопруг – не ми е.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...
„Ако беше лесен животот со личноста што ја сакаш, немаше да вреди“ „Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не станува...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg