Кирил Ангелов: „Моето куче ми го откри канцерот – ме гребеше по телото и ме удри, а болката ме натера да одам на лекар“

Се сеќавам како да беше вчера: август 2019 година, одмарав во дневната соба, а Аро раздразливо скокаше околу мене и гребеше на неколку места по моето тело. И одеднаш ме удри силно. Почувствував огромна болка која траеше деноноќно и појдов на доктор. И за првпат се дијагностицираше дека е канцер кој бил присутен одредно време. Да не беше ударот на Аро, болката немаше никогаш да се појави и канцерот само ќе растеше и ќе се прошируваше.

kire-angelov-moeto-kuche-mi-go-otkri-kancerot-me-grebeshe-po-teloto-i-me-udri-a-bolkata-me-natera-da-odam-na-lekar-01.jpg

Неретко слушаме приказни како некој домашен миленик, па и диво животно, спасило живот на одредена личност. Секогаш тие приказни делуваат со доза на сензационализација и малку неверување.

Дури и јас сум бил донекаде скептичен, се додека не ми се случи тоа и мене. Ова е приказната за моето куче Аро, тибетски шпаниел кој ми го спаси животот и ми го откри канцерот.

Вчера (20 октомври 2022 година) беше 8-ми роденден на Аро, моето куче.

kire-angelov-moeto-kuche-mi-go-otkri-kancerot-me-grebeshe-po-teloto-i-me-udri-a-bolkata-me-natera-da-odam-na-lekar-2.jpg

Вчера, исто така, се навршија и три години како бев внесен во операциона сала за да ми биде отстранет канцерот. Денес повеќе го славам роденденот на Аро, бидејќи Аро беше тој кој ми го откри канцерот.

Ретко кому ја имам раскажано оваа приказна.

И сега многу јасно, како тој ден во операционата сала, ми одѕвонуваат зборовите на хирургот како ми кажува: „не си ни првиот, ни последниот, на кого домашен миленик му открил канцер“, и „треба до крајот на животот да му бидеш благодарен на Аро.“

Бог делува со промисла и понекогаш налик мистериозно, делува преку сите, делува преку животните, преку најчистите души на оваа земја.

Се сеќавам како да беше вчера: август 2019 година, еден топол летен ден. Одмарав во дневната соба, а Аро беше нешто посебно раздразлив. А никогаш не е таков. Секогаш е мил и мирен.

kire-angelov-moeto-kuche-mi-go-otkri-kancerot-me-grebeshe-po-teloto-i-me-udri-a-bolkata-me-natera-da-odam-na-lekar-04.jpg

Ама тој ден скокаше околу мене, ме гребеше, копаше и гребеше на неколку места по моето тело. И одеднаш ме удри силно. Почувствував огромна болка.

И баш поради таа болка со која живеев одреден период деноноќно, појдов на доктор. И за првпат се дијагностицираше дека е канцер кој бил присутен одредно време.

Да не беше ударот на Аро, болката немаше никогаш да се појави и канцерот само ќе растеше и ќе се прошируваше. А ете се случи Аро; испратен од Бог, како ангел чувар.

За некоја си среќа или несреќа, поради хемотерапијата ми се направи и тромб во срце, поради кој имав инфаркт.

И се сеќавам кога и тоа заврши, кога си дојдов дома, легнав на истото место во дневна. А Аро, полека и нежно, се исползи до мене, ја стави неговата глава врз моето срце и заспа.

Тоа го направи само тогаш; првпат. И никогаш повеќе. Не можам после ова да не помислам дека ми бил испратен како чувар.

kire-angelov-moeto-kuche-mi-go-otkri-kancerot-me-grebeshe-po-teloto-i-me-udri-a-bolkata-me-natera-da-odam-na-lekar-02.jpg

Не можам а да не помислам дека животните ни се испратени со некоја цел тука. Тоа е толку јасно.

И така, доаѓаме до заклучокот дека животните се многу повеќе од нас. Многу подобри. Сострадателни. Не осудуваат, не те навредуваат, не те мразат. Само те љубат.

Низ годините Аро навистина постана како повеќе од член на нашето семејство; за мене и мајка. Еднаков со нас.

Аро остана без оглед на сѐ. Аро не нѐ напушти и повреди, кога нѐ напуштија и повредија многу. Аро е тука.  

Таа ладнина на луѓето не може да се измери ни спореди со љубовта на животните. Не е на исто ниво. Не тежи исто.

Доаѓаат студени месеци, доаѓа ладна зима.

Има рој мили улични кутриња на кои им треба љубов и згрижување; на кои им треба топлина и љубов.

Со тоа што вие ќе им дадете топол дом, не ни знаете со што убаво ќе можат да ви вратат.

Не само поради горенапишаното, туку и поради човечкото во нас, секој кој може, треба да вдоми миленик.

На крај, не ни знаете која од тие мали души би испаднала ваш ангел чувар. За што било. Еден ваш Аро.

kire-angelov-moeto-kuche-mi-go-otkri-kancerot-me-grebeshe-po-teloto-i-me-udri-a-bolkata-me-natera-da-odam-na-lekar-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кирил Ангелов | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава