Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Ми се пакуваат куфери и ми се сели на Малдиви

mi-se-pakuvaat-kuferi-i-mi-se-seli-na-maldivi-01.jpg

Дали некогаш ви доаѓа преку глава од сè?

Од материјални трошоци за кои платата не е ниту далеку од доволна.

Од бесконечни здравствени состојби и прегледи.

Од професионална рутина и монотонија.

Од неуспех да го реализирате посакуваното патување, кое веќе 3 години ви е на листата.

Од конфликтни ситуации со луѓе со кои најмалку што посакувавте е конфликт.

Од трпење на луѓе со кои сте комплетно различни светови и кои никогаш нема да ве разберат.

Од импулсивни и самобендисани личности кои сметаат дека треба да биде само по нивно и никако поинаку.

Од бессони ноќи во кои проблемите оро ви играат во умот.

Од лажни пријателства, кои на прва бура се топат како шеќер на дожд.

Од луѓе кои шаблонски ви бараат совет, а потоа повторно си тераат по свое.

Од уценување со веќе однапред ветени работи.

Од основна некултура и непочит на туѓото време.

Од немање капацитет на државата каде и како да растете на полето за кое знаете дека сте талентирани.

Од немање услови како да водите организиран живот, поради нефукнционалноста на институциите.

Од продажни салони кои работат до 16 часот, исто колку и вие и каде и да се појавите треба да земете слободен ден од работа.

Од партнери кои само бараат, а ништо не даваат за возврат.

Од простување на типично машко, односно типично женско однесување и правдање со припадноста кон полот (тоа е, такви се мажите/жените).

Од луѓе кои не знаат да сонуваат и фрлаат вода и врз вашите распламтени соништа.

Од луѓе кои се чувствителни до степен на претераност и со кои мора да одите како по јајца и да го премерувате секој збор и чекор.

Дали понекогаш ви е преку глава буквално од сè и ви се фаќа усвета?

Малдиви, Бали, Алјаска? Каде и да, сè е подобро од овде и сега.

П. С. Не, ниту јас, ниту вие не сме депресивни луѓе, едноставно има денови кога ви е преку глава од сè и тоа е сосема во ред.

Да не се тие, нема да знаеме да ги цениме и виножитата и цвеќињата и љубовта и вистинските пријатели и совршените можности.

Мене денес ми се пакуваат куфери, утре препоставувам веќе не.

Но, да си кажеме што ни лежи на душата е лек подобар од што било друго.

Кажете си и вие!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од Скопје се преселив во Бразил: Китам елка на 37 степени, славам Божиќ на плажа Оваа година китев елка на 37 степени и мојот празничен дух не беше баш расположе...
Александра Шијакоска за CRNOBELO лексикон: „Свекрва ми ми е идол“ „Ако имам времеплов би се вратила само во средно училиште. Најубавите четири год...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg