Невоспитаност до крајни граници во македонски маркет: „Гледајте заради вас какви ми се згмечени продуктите“

Не знам зошто, но пазарењето храна и останати нешта за домаќинство секогаш ми предизвикува убаво чувство и затоа со позитивна енергија одам, колку и да знам дека ќе се претоварам и „искилавам“ со торбите.

nevospitanost-do-krajni-granici-vo-makedonski-market-gledajte-zaradi-vas-kakvi-mi-se-zgmecheni-produktite-02.jpg

Влегов во маркетов, стандардно, внатре митинг, 100 луѓе, но секој си ја брка својата работа, се разминуваме, си полниме корпи и полека стигнав до каса, каде имаше четворица пред мене.

Зачудувачки беше тивко, луѓето кои беа дојдени по двајца тивко си разменуваа по некој збор и генерално се слушаше само звукот од баркод читачот на сите 3 каси кои истовремено работеа.

И во целата таа мирна атмосфера, наеднаш се јавува еден машки глас, кој најдрско почна да им се дере на вработените во маркетот, да објаснува како тој се изнамачил со голема корпа на тркала, затоа што немало доволно колички за сите.

Замислете, вработените биле криви што сите 6 колички биле зафатени и сега тој бил во ситуација да реши дали ќе почека да се ослободи количка или ќе пазари во пластична корпа со тркалца.

Очигледно се решил да не чека, зашто веќе имаше завршено со пазарење и плаќање.

Вработените молчат. Што да речат кутрите? По мое мислење, немаат никаква вина, а целиот гнев на дрските купувачи е насочен кон нив.

nevospitanost-do-krajni-granici-vo-makedonski-market-gledajte-zaradi-vas-kakvi-mi-se-zgmecheni-produktite-03.jpg

Една од касиерките најљубезно му се извини (не разбирам зошто, таа од дома не ги носи количките, па да се извинува, но очигледно жената беше доволно мудра и достоинствена да не се натега, зашто на крај пак таа секако ќе биде крива) и отиде да му најде количка.

И замислете, најде! Овој „класа господин“ очигледно не ни побарал, туку дошол со намера да малтретира и вработени и останати луѓе во маркетот.

Жената му ја дава количката, додека нејзините купувачи дремат на каса и чекаат таа да се врати, а тој ѝ се сврте и ѝ рече: „И сега гледајте, заради вас какви ми се згмечени продуктите, зашто морав да ги сместам во мала корпа... сега кој ќе ми ги среди за да не се вакви?!“

Луѓе, не ми се веруваше. Таа го погледна и му рече дека ќе му ги нареди продуктите. Кое понижување беше кога тој ѝ возврати со „Па богами и да ги наредиш, за да можам да ги однесам до кола!“

Е, тука пукна тиквата.

Две помлади жени, од кои едната со бебе во количка му се обратија на дотичниов, го подбраа како што си заслужи, а тој упорно им се силеше. Дури едната му ја зема целата негова корпа, ја дигна и му рече дека ќе му ја однесе до кола, само да заќути и да не малтретира цел маркет.

А колку беше тој јако мажиште се виде кога му пукна филм на еден од купувачите, млад дечко, кој очигледно не можеше да ја истрпи неправдата и дрскоста и му порача штом е толку јак фраер, да го почека надвор да заврши со пазарење, па после ќе му покажел како е да се сили на жени по маркети.

Немам зборови со која брзина безобразниов си ја крена корпата и излезе од маркетот, ни збор не кажа, не се ни сврте.

Останав стаписана и разочарана.

Како би му било на овој одвратен и невоспитан човек некој како него да се однесува така со жена му, ќерка му или син му на работно место или каде и да е?

Маркетот беше полн, така што сигурна сум дека некој од присутните на овој крајно непријатен настан, кога ќе го прочита ова, ќе знае за што пишувам.

Дно!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Скопски газда им скратил по 500 денари од плата на вработените за да направи новогодишна забава Вработените отишле на забавата, гневни затоа што треба сами да платат за сѐ, со ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg