Дома накитивме со децата, син ми напиша писмо до Дедо Мраз, ние уживаме во седенки со руска салата и туршија – го обожавам овој период

Иако во Скопје не владее некоја новогодишна еуфорија, дома постои... Децата подготвуваат приредби, новогодишните пакетчиња веќе се изедени, ние уживаме во седенките со туршија, сармички и руска салата, додека сите гледаме во сијаличките на елката што ја накитивме со семејството - има ли потопол и поубав период од овој? 

doma-nakitivme-so-decata-sin-mi-napisha-pismo-do-dedo-mraz-nie-uzhivame-vo-sedenki-so-ruska-salata-i-turshija-go-obozhavam-ovoj-period-01.jpg

Дали и вие уживате во предновогодишната магија и ја чувствувате еуфоријата и возбудата од празниците? Дали китите дома и резервирате за новогодишна прослава два месеци однапред или пак си прославувате со најблиските дома?

Ова ми е најубавиот период од годината, декември, време за украсување по дома со мал милион новогодишни украси, елка, сијалички, улиците накитени (иако годинава и не баш), дворовите на куќите во трка кој покреативно ќе накити.

Предновогодишниот период ми буди позитивна енергија, еуфорија, чувство на заедништво кога се собираме за празниците. Плановите за новогодишната ноќ, ситните подароци за најблиските, сè тоа прави да ја сакам зимата, иако е студена и понекогаш „мрачна“.

Ме радува и тоа колку моите деца се среќни во овој период, едвај чекаат дома да се кити, за и тие да учествуваат во процесот и седат до доцна навечер за да ја гледаат елката како светка.

Возбудено подготвуваат новогодишни приредби во училиште, добиваат пакетчиња, а помалото сè уште ја живее бајката за Дедо Мраз и пишува пораки со желби (секако брат му постојано го убедува дека Дедо Мраз не постои). Откако завршивме со китење, со какао и божиќни песни уживавме во глетката.

so-toplo-kakao-i-bozikjni-hitovi-konecno-so-sinovite-kitime-elka-na-srekjata-i-nema-kraj-02.jpg

Секоја година си правиме седенки дома со блиските или со пријателите, а на трпезата секако се незаменливата руска салата, туршија и сармички, елката светка, додека надвор врне снег - идила (додуша кај нас слабо снег годиниве, ама и без него е магично).

Единствено нешто што не успеав, е да ги задржам децата да не ги отвораат подароците пред 31-ви декември. Пакетчињата им се изедени 10 дена пред Нова година, подароците отворени, немаат децата време за губење и чекање, но на новогодишната ноќ секогаш елката ни „зјае“ празна одоздола.

Искрено, не претерувам со подароци, тоа се најчесто некои ситници кои како мајка знам дека им требаат или ги сакаат, но гледам да не забегам - секако по мојот критериум.

Нешто што некако недостига во целиот овој период е испраќањето честитки. За жал таа традиција згаснува, но има и упорни како мене, кои испраќаме новогодишни честитки секоја година.

Навистина е прекрасно чувството кога некој ќе ти се јави дека баш го израдувала твојата честитка.

so-toplo-kakao-i-bozikjni-hitovi-konecno-so-sinovite-kitime-elka-na-srekjata-i-nema-kraj-01.jpg

Оваа година со проширен список ќе израдувам многу драги луѓе.

Во последниве години е актуелно да се прави Secret Santa на работа - некои го сакаат, некои не, но трендот продолжува и искрена да бидам, мене ми се допаѓа целата идеја, бидејќи сите се возбудени и едвај чекаат да дознаат кој што им купил.

Тоа покажува дека предновогодишната еуфорија силно влијае и на нас возрасните и овој период секогаш се чувствуваме како и ние да сме деца.

Подароците од лани и преклани уште си ги користам и многу ми се драги. Годинава повторно правиме Secret Santa и веќе знам што ќе одберам за новогодишен подарок. За некого е несфатливо, но тоа ме радува.

И плановите за новогодишната ноќ почнаа, со кого ќе се дочека новата година, дали во топла домашна атмосфера или некаде надвор. Додека бевме помлади изнајмуваме куќи, локали или уплаќавме по дискотеки за дочек, дали младите сè уште го прават тоа?

Не дека сум престарена, ама некако сè повеќе ми се допаѓа дочекот на Новата година во домашна атмосфера со одбрано друштво.

Навистина прекрасен празничен период ни следува, магијата ќе биде секаде околу нас, а наше е само да уживаме во неа и да си посакаме пред сè здравје и убавини во годината што следи!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: приватна архива

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Вашите деца не се виновни за вашиот лош ден, фрустрациите, за вашето скршено срце Важно е да научите да се борите против заморот, тагата, стравовите и нерешените ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Во Охрид собиравме полни ќеси јаболка, во Дојран колачиња на стапче – Коледе од моето детство Секој град има свое објаснување за тоа како правилно треба да се прослават празн...
„Син ми носи само скапи патики, а не од пазар“ – останав без зборови по одговорот на сосетка во мал ... Додека го пиев кафето, го гледам детето како пресреќно си оди дома, скока од рад...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg