Животот не е Инстаграм - дали се сликавте и објавивте кога плачевте последен пат?

Социјални мрежи. Апликации од кои некој црпи заработка. И тоа е за почит, на крајот од денот - бизнис си е бизнис. За сите останати треба да е забава, не завист и потреба. А каква е рeалноста?

Mojot-realen-zivot-e-daleku-od-instagram-realnosta-02.jpg

Инстаграм или совршената слика за човекот. Најубавите слики, луксуз од места, секое залче изедено и сликано. Реалност или привидна убавина?

Социјални мрежи. Апликации од кои некој црпи заработка. И тоа е за почит, на крајот од денот - бизнис си е бизнис. За сите останати треба да е забава, не завист и потреба. А каква е рeалноста?

Инстаграм или совршената слика за човекот. Најубавите слики, луксуз од места, секое залче изедено и сликано. Реалност или привидна убавина?

Ретки се луѓето кои вистински уживаат во моментот и не се зависни од социјални медиуми.

Она што е зачудувачки е колку е голема потребата од внимание кај луѓето да предизвикикаат одредена реакција кај други луѓе.

Дали со разголени слики, провокации низ пораки, избор на ресторан и храна која не се допира додека не се слика.

Сè повеќе се бираат атрактивни места за прошетка само заради слика, не и уживање.

Сатисфакцијата e што повеќе лајкови, а не спомени. Не уживаш во моментот со себе и блиските, туку размислуваш која е најубава слика за да ја постираш на Инстаграм.

Налик луѓе, всушност манипулирани роботи зависни од нечиј клик и минимално внимание.

Реалниот живот е далеку од Инстаграм „реалноста“.

Колку често гледаш вистинска емоција во фотографијаили текст? Дали секој споделува навистина сè што му се случува или пак, колку често си видел постови на луѓе кои ќе те ожалостат, замислат и потресат.

Дали навистина сме толку отворени за луѓето, па споделуваме „живот“ на Инстаграм?

Дали ќе споделиш расплакана фотографија од твоето последно раскинување? Дали ќе ти текне да го сликаш ручекот што го изгоре бидејќи се заборави „скролајќи“ низ Инстаграм? Дали кавгите со сопругот ќе ги споделиш во пост?

Mojot-realen-zivot-e-daleku-od-instagram-realnosta-01.jpg

Тоа е реалниот живот. Денот е 24 часа, а во тоа време ти не си секогаш насмеан, расположен, седнат во ресторан ниту пак на прошетка по трговски центри.

Не е денот мед и млеко, ниту животот постела од рози.

Има малку повеќе од само позитива што треба да ја споделиш со луѓето, ако веќе си искрен.

Социјалните медиуми од нас направија суштества без емпатија, ставени на автопилот кој секој слободен момент го поминуваат гледајќи во туѓите слики на екранот од мобилен.

Дали одиш во тоалет со телефон? Дали пиеш кафе со телефон? Користиш пауза на работа и повторно си на телефон?

Ако на сите три прашања веќе одговори позитивно, време е да се замислиш дали и колку вредат твоите 24 часа и дали сите луѓе кои ги следиш виртуелно го заслужуваат твоето внимание...

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg