Си го обожавам животот затоа што ТИ (сопругу) си во него

Ние, со сопругот, не гледаме политички дебати и црна хроника, не функционираме по правила и прописи, на страна од работното време. Едноставно, живееме лабаво. Го правиме тоа што го сакаме. Се смееме 24/7. Крајно сме несериозни за годините. Но, и екстремно среќни во дадените околности.

si-go-obozhavam-zhivotot-zatoa-shto-ti-soprugu-si-vo-nego-01.jpg

Ние не гледаме политички дебати и црна хроника,

Ние не дебатираме кој министер е во право, а кој погрешил.

Ние не функционираме по правила и прописи, на страна од работното време.

Едноставно живееме лабаво.

Го правиме тоа што го сакаме.

Се смееме 24/7.

Крајно сме несериозни за годините.

Но, и екстремно среќни во дадените околности.

Животот ни е една низа од насмевки, глупави шеги, песни без поента.

Си даваме ветер во грб и за најлудите соништа.

И си велиме „браво, најдобар/а“ си на работа.

Не, не, всушност си велиме „браво најдобар/а си во сè“.

si-go-obozhavam-zhivotot-zatoa-shto-ti-soprugu-si-vo-nego-02.jpg

Ти си најдобар кулинар, ти си најдобар сопруг/а, „Леле, што би правел/а да те нема“... си кажуваме секојдневно.

И искрено тоа го мислиме.

Мене сопругот ми го прави животот подобар.

Никогаш, никогаш потежок!

И буквално не го сфаќам оној шеговит совет „Никако не се мажи!“ за немажените девојки.

Добро, свесна сум дека има секакви ситуации и ќе кажам дека среќна сум што никогаш не сум почувствувала такво нешто на своја кожа, па да делам таков тип на совети.

За мене бракот не е институција, која мора да се почитува.

За мене бракот е љубов и тој потпис автоматски ми доаѓа да го почитувам во име на љубовта која ја чувствувам за таа личност.

За таа личност не би ни сакала да замислам што би било ако ја нема.

Никој не ме разбира подобро.

Никој не е толку сериозно несериозен како мене, освен партнерот, кога се во прашање ставовите за животот.

Никој не знае така да ме помислува по главата наместо да ме праша „Што ти е“, како сите други, кога не сум добро.

Да се биде во брак е најубавото нешто на светот.

Со некого буквално делиш сè.

И несвесно на дневно ниво стануваш едно.

Преземаш карактеристики од таа личост, таа презема од тебе.

Буквално функционирате како едно цело.

За бракот? Сè најдобро!

Се надевам исто мислиме...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg