Исповед на Кирил Ангелов: 20 работи кои ги научив и сфатив од борбата со ракот и победата на оваа болест

Кога за првпат решив да проговорам за мојата извојувана борба со ракот, како и сексуалното злоставување кое го доживеав во детството, не очекував дека ќе морам да се соочам со некои дополнителни тврдокорни вистини. Слепо верував дека крајот настапува со развејувањето на победничкото знаме, и освојувањето на животот. Но, не бев нималку подготвен за оние рој препреки кои стоеја пред мене. Поради тоа, јас, Кирил Ангелов, за CRNOBELO.com сакам да ги споделам најважните 20 работи кои ги научив и сфатив од борбата со ракот и победата на оваа болест, со цел дека ќе можат да помогнат некому.

ispoved-na-kiril-angelov-20-raboti-koi-gi-nauchiv-i-sfativ-od-borbata-so-rakot-i-pobedata-na-ovaa-bolest-01.jpg

И секако охрабрувам, секој кој може, да говори за своите искуства. Колку сме погласни, толку посигурно ќе ја победиме оваа болест.

Да започнеме:

1. Научив дека треба бестрашно да се признае болеста.

Ракот секогаш ќе биде дел од животот на оние кои го победиле, или оние кои се лекуваат од него. Често размислував како сакам да го заборавам тој дел од мојот живот; да го избришам за никогаш да не се случел.

Колку повеќе го притискав длабоко во себе, толку повеќе почнуваше да ме стега одвнатре, да ме гори, да ме убива. Моментот кога си го признав, кога го прегрнав тој дел од мојот живот, станав посреќен и порадосен. Почувствував мир.

2. Научив дека ништо не е трајно.

Ни дијагнозата, ни операцијата, ни третманот, ни лекувањето. На крај, сѐ завршува, и тоа поминува. Најважно е храбро да поднесеме што ни дава Бог и животот, и да се бориме.

Да се бориме храбро, за нас, и за луѓето кои се дел од нашиот живот.

3. Научив дека кога ќе се извојува победата не настапува среќен крај како на филмовите.

Колку и ние да сме залажани и излажани, животот продолжува понатаму. Со сите свои грдосии (кои се почести) и со сите свои убави моменти.

Среќниот идиличен крај го има само на филмовите кои доволно добро и темелно ни го имаат испрано мозокот, за да веруваме во бајки.

Но најлошо, да очекуваме нешто кое не ни е загарантирано – среќата.

4. Сфатив дека никој не зборува за менталното здравје.

Да знаев колку голема улога ќе игра тоа додека се лекував, па и отпосле, уште од самиот почеток ќе работев на него.

За жал, живееме во општество во кое сѐ уште е табу да се грижи човек за своето ментално здравје; не сме искалемени да размислуваме поинаку. Сѐ тука е срам.

Срам е да се разговара за болките, проблемите, лузните. И затоа се затвораме себеси, и патиме. А таа состојба е идеална за созревање на болести како што е ракот.

5. Сфатив дека на некој чуден, необјаснив начин ќе почнете да губите пријатели.

Не поради причина поврзана со злоба, но најмногу поради тоа што луѓето не знаат како да се постават во такви ситуации.

Луѓето бегаат од болка, за да не си ја уништат малата расклатена среќа и мир што ги имаат. Луѓето се премногу себични да ви подадат рака кога ви е најтешко.

Па затоа оставаат тоа така да помине. Несозреани сме како општество. Тоа не е оправдување, но е причина.

https://www.instagram.com/p/CYuFD2CMYmd/

6. Сфатив дека анксиозноста и депресијата се зголемуваат експоненцијално (а во тешки случаи и мислите за самоубиство).

Иако сте свесни дека ракот е победен, и сите резултати покажуваат на тоа, сепак во вас почнува да тлее страв кој не може да биде згаснат. Секоја случајна болка во телото ве плаши.

Мислите дека ракот се вратил на друго место, дека метастазирал на одреден дел од телото. Се плашите за вашето здравје со секој здив. Не треба да се живее така. И затоа секој момент е битка.  

7. Сфатив дека најважни се редовните контроли.

Од самиот почеток сфатив дека раната детекција се случува токму поради редовни контроли; но тоа е случајот и со редовните контроли после победувањето на ракот.

На тој начин може да се спречи нешто полошо, или во најдобар случај да се потврди она најдоброто – дека ракот е победен.

Треба да почнеме да ја развиваме свеста дека редовните контроли се должност на само за нас, туку и за нашите најблиски.

8. Научив како да се подготвам за несаканите ефекти од хемотерапијата.

Додека примав хемотерапија со мене примаше хемотерапија и еден дечко од Струмица. Ја примавме истата хемотерапија. Тој немаше никакви несакани ефекти (освен разретчување на влакната), додека јас ги имав сите (гадење, вртоглавица, и на крај тромб во срце од еден лек од хемотерапијата кој ми предизвика инфаркт).

Секој организам е различен. Секое искуство е различно. Но најпаметното нешто е секогаш да се биде подготвен. За жал, до ден денес, ми остана еден несакан ефект од хемотерапијата – тинитус.

За тоа нема лек, и ќе морам да живеам со него како потсетник на тоа време.

9. Научив како да се справам со самопрокламирани експерти од сите страни.

Одеднаш, сите околу вас ќе станат експерти за вашето здравје и вашиот живот. Од колеги, до познаници, до луѓе кои случајно дознале за вашата приказна – сите ќе имаат да кажат по некоја „мудрост“ за тоа како требало да се лекувате, што требало да правите, па дури и причини зошто сте го добиле ракот.

Иако тие ситуации се многу фрустрирачки, една реченица успеа да ме спаси од полудување кога ќе ги слушнев сите нив, а тоа е: „за моето здравје дискутирам само со моите доктори специјалисти.

10. Исто како и погоре, сфатив дека на некој чуден необјаснив начин ќе почнете да губите и роднини.

Од вкупнo 30 роднини од потесниот круг во мојот живот, останав во контакт со само еден грст од 5. До некаде, на некои од нив не им е грижа низ што сте поминале, на одреден дел им е мило, а на трет дел едноставно им е смешно.

И секако, тука се јавуваат оние експерти кои ги споменав погоре. Колку е болно, ова е и добро. Животот ви ги селектира токсичните од нетоксичните луѓе на вашиот живот.

https://www.instagram.com/p/CXx6W1sMqfG/

Уште 10 лекции на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg