Еден брак ѝ траеше 274 дена, бивши сопруг ѝ остави 18.000 рози на гробот - Бурниот љубовен живот на Мерилин Монро

И третиот брак не ѝ донел голема среќа. Мерилин се омажила на 29 јуни 1956 година за драматургот Артур Милер, кого го запознала пет години претходно.

Пред свадбата, ја сменила верата во јудаизам, а по завршувањето на снимањето на филмот со Лоренс Оливие, двојката се вратила од Англија во САД и открила дека Мерилин е бремена.

Но, бидејќи страдала од ендометриоза, таа набрзо го изгубила бебето.

Мерилин и Артур се развеле по пет години брак.

Но, уште додека биле заедно, во јавноста почнаа да кружат гласини дека била во љубовна врска со Џон Кенеди.

Некои одеа дотаму што велеа дека Мерилин сонувала да стане негова сопруга и дека тајно родила неговата ќерка, но дека сите овие околности довеле до тоа да се сврти кон дрога и алкохол.

Непосредно пред смртта, Мерилин повторно почнала да се гледа со Џо Димаџио.

Таа, наводно, се согласила повторно да се омажи за него, но три дена пред свадбата, била пронајдена мртва во спалната соба во нејзиниот дом.

Според извештајот од обдукцијата, починала од предозирање со апчиња за спиење, но и 63 години по смртта на актерката, се дебатира дали таа извршила самоубиство или е убиена од луѓето кои стоеле зад политичката кампања на Кенеди.

Нејзиниот погреб го организирал Димаџио, кој оставал рози на нејзиниот гроб и тоа трипати неделно во следните 20 години - 18.000 црвени рози.

Џо Димаџио никогаш не се преженил, а неговите последни зборови, наводно биле: „Конечно повторно ќе ја видам Мерилин“.

Повеќе фотографии во продолжение:

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg