5 Интересни факти за бракот кои треба да ги знаете

Го кажавте судбоносното „Да” или се подготвувате да застанете пред олтар? Тогаш морате да ги знаете и 5-те факти за бракот.

5-interesni-fakti-za-brakot-koi-treba-da-gi-znaete-1

Можеби за некои од нив сте мислеле дека се клише, но напротив тие навистина се дел од сечиј брак:


1. Доколку на жената и се допаѓа бракот, нејзиниот сопруг ќе има убав живот. Но, не и обратно

Многу истражувања покажале дека токму задоволството на жената зависи од квалитетот на бракот, за разлика од задоволството на мажот кое и не игра голема улога.

Така, женското незадоволство ќе го направи мажот да се чувствува помалку среќен и задоволен.


2. Жените се помалку задоволни од бракот кога нивниот сопруг е болен, но не и мажите

Кога партнерот се разболува, обично жената е таа која се грижи за него, а истото може да биде стресно искуство.

За разлика од тоа кога жената се разболува, обично не се потпира на мажот туку на некоја друга женска фигура во домот на пример, ќерката.


3. Ниските мажи обично остануваат во брак и ја компензираат својата вистина со заработување на повисок приход

Истражувањата покажале дека високите мажи често се женат со образовани жени, но и почесто се разведуваат за разлика од ниските и оние со просечна висина.

Авторите на истражувањата изјавуваат дека ниските мажи ја надокнадуваат својата висина со тоа што заработуваат повеќе и така ги привлекуваат дамите.


4. Големата венчавка ги зголемува шансите за успешен брак

Паровите кои се помалку среќни и помалку сигурни во својот брак обично не сакаат премногу големи венчавки, туку само формално склопување на брак.

Колку е поголема свадбата, толку е и поуспешен бракот.


5. Генетска предиспозиција за изневерување

Можеби вие или вашиот партнер, односно партнерка имате генетска предиспозиција да изневерувате додека сте во брак.

Често пати оние кои изневеруваат додека се во брак, велат дека се среќни и заљубени во својот партнер, но сепак го изневериле. 

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg