7 Лекции за посреќна промена на кои нè учи Лао Це

Лао Це еден од најголемите филозофи на сите времиња и мислител кој нè учи на најголемите лекции што мора да ги поминеме во животот.

8-lekcii-za-promena-na-koi-ne-uchi-lao-ce-01.jpg

Кога сте во потрага по мотивација, потсетете се на овие 7 лекции преку цитати за промените во животот:

Веќе го имате одговорот на прашањето

„Во центарот на вашето битие го имате одговорот. Вие знаете кои сте и што сакате.“

„Да ги познавате другите е интелигенција, да се познавате себеси е мудрост. Одлично да ги познавате другите е сила, одлично да се познавате себеси е вистинска моќ.“

„Кога ќе се ослободам од она што сум, ќе станам она што можам да бидам.“


Слободни сте тогаш кога ќе ослободите         
    

„Кога нешто ќе ослободите, тогаш целото си заминува. Светот е освоен од оние кои ослободуваат. Но, кога упорно се обидувате, светот постојано ја држи победата подалеку од вас.“

„Ако сакате да станете целина, бидете во делови. Ако сакате да бидете во право, дозволете си да грешите. Ако сакате да бидете полни, прво дозволете си да бидете празни. Ако сакате да се препородите, прво мора да умрете. Ако сакате да ви се даде сè, тогаш мора сè да дадете.“


Вашето его никогаш нема да ви направи задоволство

„Оној кој успеал да се дефинира себеси, не може да дознае кој е навистина.“

„Оној кој има моќ над другите, нема моќ врз себе.“

„ Оној кој се труди да блесне, ја затемнува својата светлина.“


Добрината секогаш победува. Лошото секогаш умира.

„Да сте длабоко сакан од некого ви дава сила, додека ако некого длабоко сакате тоа ви дава храброст.“

„Добрината во зборовите создава доверба. Добрина во мислите ви создава длабочина. Подарената добрина создава љубов.“


Бидете свои

„Ако се грижите за туѓите одобрувања, ќе станете туѓ затвореник.“

„Кога ќе станете задоволни со она што сте, без да се споредувате или натпреварувате, сите ќе ве почитуваат.“


Бидете понизни и ќе бидете мудри

„Мудар човек е оној кој знае дека не знае.“


Промената е неизбежна, затоа прифатете ја

„Ако сфатите дека сите работи се менуваат, тогаш ќе престанете да се врзувате. Ако ве плаши смртта, нема што да направите.“

„Новите почетоци се секогаш маскирани во болни краеви.“

Би можело да ве интересира:

Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg