20 цитати од авторот на Нарнија, Клајв Луис

Писател, поет и филозоф, човекот кој на светот му ја даде Нарнија, фантастичната земја за која имаат читано и децата и возрасните. Неговите книги се вистинско патување во длабочините на човековата душа.

20-citati-od-avtorot-na-narnija-klajv-luis

Ова се 20 цитати од Луис кои имаат подлабоко значење отколку што се чини на прв поглед:

1. Секој го добива тоа што го сака, но не секој е среќен со она што го добива.

2. Напишав книга која сакав да ја прочитам. Никој друг тоа го нема напишано, па морав јас.

3. Понекогаш е добро да загубиме сè што имаме, за да разбереме што е она што навистина ни треба.

4. Иднината е она што го среќаваме со брзина од 60 минути на час.

5. Главниот непријател на љубовта е рамнодушноста, не омразата.

6. Начинот на кој ги гледате работите го одредува она што ќе го видите и слушнете.

7. Кога сте исплашени најдоброто нешто што можете да го направите е да се свртите и да се соочите со опасноста.

8. Еден ден ќе бидете доволно стари за повторно да почнете да ги читате бајките.

9. Книга за деца која само децата ја сакаат е лоша книга. Добрите работи се добри за секого. Валцот кој му носи радост само на танчерот е лош валц.

10. За да го победиме злото во светот секој од нас мора прво да го надмине во себе самиот.

11. Желбата да поседувате некого на кого немате што да му понудите може да ве направи лоша личност.

12. Луѓето кои сакаат понекогаш мораат да им наштетат на оние кои ги сакаат.

13. Не одговарајте им на послабите од вас.

14. Ако мислите дека не страдате од гревот на гордоста, тоа значи дека навистина страдате од него.

15. Во душите, како и во почвите, најубавите цвеќиња не ги оставаат најдлабоките корени.

16. Откако ќе ја разбудите вашата меморија, таа се претвора во моќен тиранин.

17. Луѓето кои ја достигнале зрелоста се секогаш љубезни кон младите.

18. Плачењето ве прави да се чувствувате добро додека го правите тоа, но порано или подоцна солзите ќе запрат, а потоа ќе мора да одлучите што да правите.

19. Не го трошете вашето време обидувајќи се да разберете дали сакате некого или не. Дејствувајте како да сте сигурни дека го сакате.

20. Вие немате душа. Вие сте душата. Вие едноставно имате тело.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Египет за неверство се оди во затвор - чудни закони низ светот поврзани со секс Некои од овие закони се практични, насочени кон заштита на јавното здравје и без...
Факти за сумо борењето – Порано борачите биле слаби, не смеат да возат автомобил Сумо борачите кои не се во брак живеат во куќа со 15-тина други борачи. Оние со ...
„Стареењето е привилегија што ја нема секој“: Цитати кои ќе ви покажат дека годините не треба да ве ... „Секој кој престанува да учи е стар, без разлика дали има 20 или 80 години. Оној...
Станал алкохоличар на 15 години: Факти за актерот кој го глумеше Алехандро во серијата „Руби“ Славниот мексикански заводник Едуардо Сантамарина водел бурен и турбулентен живо...
10 факти за Сончевиот систем кои звучат нереално Просечната температура на Тритон – една од месечините на Нептун – изнесува -235 ...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg