Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Луѓето обично ја одбиваат првата понуда, без оглед на тоа каква е“: Најдоброто од Марк Твен

Писателот Марк Твен е роден две недели по најголемото доближување на Халеевата комета до Земјата, а починал во 1910 година, кога е нејзиното следно појавување.

lugjeto-obicno-ja-odbivaat-prvata-ponuda-bez-ogled-na-toa-kakva-e-najdobroto-od-mark-tven-01.jpg

Вилијам Фокнер го нарекува Марк Твен „таткото на американската литература”, а години подоцна Хемингвеј вели: „Целата современа американска литература потекнува од една книга и таа се вика Авантурите на Хаклбери Фин“.

Во продолжение најмудрото и најзабавното од него, за да предизвикаме насмевка:

1. „Добро е да се почитуваат правилата додека сте млади, бидејќи на тој начин ќе ја сочувате силата за нивното кршење во староста“.

2. „Што е човечкиот живот? Првата третина е уживање, а остатокот сеќавање“.

3. „Секому можам да му помогнам во животот да го постигне тоа што го сака. Единствениот проблем е тоа што не можам да најдам никој кој знае што сака“.

4. „Не сакам да зборувам за задгробниот живот, бидејќи имам пријатели на обете страни“.

5. „Единствен начин да го сочувате вашето здравје е да го јадете она што не го сакате, да го пиете она што не го поднесувате и да правите сè што не би правеле“.

6. „Таа огромна загадочна празнина луѓето ја нарекуваат спиење“.

7. „Зарем сте толку кусогледи, па не видовте дека здравиот разум и среќата се невозможна комбинација?“.

8. „Да престанеш со пушење е толку лесно! Па, јас тоа го сторив стотина пати!“

9. „Отсекогаш се придржував до правилото да не пушам додека спијам и да не апстинирам додека сум буден“.

10. „Понекогаш и премногу пиење е едвај доволно“.

11. „Работата и играта се зборови со кои се опишува истата работа во различни околности“.

12. „Не го одложувајте за утре, она што може да се одложи за задутре“.

13. „Да се вети дека нешто нема да направите е најсигурен начин да ве обземе неодоливата желба токму тоа да го сторите“.

14. „Лекарите знаат толку малку, а го наплаќаат тоа толку многу“.

15. „Службениците во јавните служби се личности кои народот ги избрал да си го поделат митото“.

16. „Голфот претставува уништена, пријатна прошетка“.

17. „Речиси сите кралеви во суштина се – крадци“.

18. „Луѓето обично ја одбиваат првата понуда, без оглед на тоа каква е“.

19. „Човечкиот вид има само едно ефикасно оружје, а тоа е смеата“.

20. „Во некои ненадејни, безнадежни прилики, пцуењето ни носи олеснување какво што не го овозможува ни молитвата“.

21. „Подобро е да се држи устата затворена и да изгледаш глупаво, отколку да ја отвориш и со тоа да го отстраниш секој сомнеж“.

22. „Облеката го прави човекот. Голите луѓе имаат мало влијание во општеството“.

23. „Етиката се состои од политичка етика, трговска етика, религиозна етика и етика“.

24. „Постојат три вида лаги: лага, валкана лага и статистика“.

25. „Најпрвин соберете ги сите факти, а потоа можете да ги искривувате по своја волја“.

26. „Банкар е личност која ќе ви го позајми чадорот во сончево време и ќе ви го побара назад кога ќе заврне“.

27. „Која е животната цел на човекот? Да се збогати. А како? Нечесно – ако може. Чесно – ако мора“.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низок е поради ретко нарушување, ја изневерил сопругата: Факти за Дени Девито Пред да се прослави, работел како фризер во салонот на сестра му. Во брак е од 1...
Тврдеше дека принцезата Дијана е бремена од син му Доди: Факти за милијардерот Мохамед ал Фајед Се верува дека Мохамед ал Фајед ги запознал принцезата Дијана и син му Доди биде...
„Има очи како џамлии“ – Старински комплименти кои ги користиме во Македонија Тој е силен како бик, а таа има глас како славеј... Се сеќавате ли на комплимент...
Нема завршено средно, ќе донира пола од богатството: Кој е милијардерот што отиде на првата приватна... Во четвртокот (12.09) милијардерот Џаред Исакман стана првиот човек кој отишол н...
Во океаните се изгубени 3 нуклеарни бомби на САД и уште 9 морничави факти што ќе ве замислат Знаевте ли дека пилата била измислена како алатка што ја користеле лекарите при ...
Го почнал бизнисот со семејството, денес се крие од јавност: Кој е основачот на OnlyFans? Контроверзната платформа OnlyFans која се прослави поради порнографската содржин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg