Ако рибата ја ставиш во сад со вода, немој да мислиш дека си ѝ дал слобода

Источните народи отсекогаш биле познати по својата мудрост, па така и жителите на денешните Северна и Јужна Кореја не изостануваат.

ako-ribata-ja-stavish-vo-sad-so-voda-nemoj-da-mislish-deka-si-i-dal-sloboda-01.jpg

Ова се некои од најпоучните поговорки кои настанале на корејски јазик:

1. Ако рибата ја ставиш во сад со вода, немој да мислиш дека си ѝ дал слобода

2. Таму каде нема тигар и зајакот се смета за владетел.

3. Длабоката река, бесшумно тече.

4. И најголемото дрво израснало од мало семе.

5. Јазикот е без нозе, но трча и по илјада километри.

6. Кога ќе паднеш во вода, лути се на себеси, не на водата.

7. Љубовта е способна да изгради голем ѕид за само една ноќ.

8. Катастрофата е како река, во неа се слеваат повеќе извори.

9. Парите кои ги даваш на свештеникот не ги добива Буда.

10. Отровните печурки први растат.

11. Излеаниот ориз можеш да го собереш, но не и кажаните зборови.

12. Птицата која останува подолго време на едно место, многу брзо може да стане плен.

13. Секој за својата мизерија ги обвинува другите.

14. Соколот со скршени крила не е сокол.

15. Среќата е како птица во кафез – ако еднаш ја пуштиш, никогаш повеќе нема да се врати.

16. Во животот нема рамни патишта.

17. Човекот кој живее според своите убедувања, не се плаши од казните.

18. Што на почетокот не си го поправил со мала мотика, подоцна ќе треба да го поправаш со голема лопата.

19. Во среќниот дом и на доматите растат тикви.

20. На храбрите и ѕвездите им помагаат.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg