Позајмено - во бунар фрлено: 18 поуки кои се чуваат како скапоцени бисери

Секој народ зад себе остава поговорки и мали народни мудрости по кои ќе остане запаметен. Така е и со Евреите кои со векови препорачуваат, цитираат и своите знаења и пренесуваат од колено на колено.

pozajmeno-vo-bunar-frleno-18-pouki-koi-se-cuvaat-kako-skapoceni-biseri-01.jpg

Своите поговорки ги чуваат како прави драгоцени бисери, токму поради мудроста која ја кријат во себе.

18 најубави Еврејски поговорки:

1. Оној кој не знае да го воспита своето дете како со пот да го заработи лебот, воспитува крадци.

2. Она што супата е за телото, тоа насмевката е за душата.

3. Од успехот до неуспехот нè дели само еден чекор. Од неуспехот до успех не дели долг пат.

4. Љубовта која се одржува со подароци, секогаш е гладна.

5. Ако не бидам подобар, тогаш со сигурност ќе бидам полош.

6. Човекот е секогаш одговорен: без разлика дали чинот бил намерен или случаен, без разлика дали бил во сон или на јаве.

7. Научи да молчиш, за да научиш да зборуваш.

8. Позајменото - во бунар фрлено.

9. Што паметните постигнуваат со разум, тоа будалите постигнуваат со тепање.

10. Честа е како млекото: најмала трошка ја расипува.

11. Ако имаш горчина во срцето, шеќерот во усните нема да ти помогне.

12. Бог нека ве чува од злобните жени, од добрите, чувајте се сами.

13. Дај Боже да бидете здрави, богати и непознати.

14. Кога ви се чини дека нема излез од ситуацијата, има барем четири.

15. Мудриот човек слуша само еден збор, а разбира два.

16. Со пари во џебот вие сте мудри, убави и прекрасно пеете.

17. Најбезбедниот живот е во вистината.

18. Ако сакате да заборавите на сите професионални грижи, облечете чевли кои се барем два броја помали.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....
100.000 девојки се пријавиле на аудиција за Katseye, од 6 избрани една ги напушти - Која е светската... Сигурно барем еднаш сте ја слушнале „заразната“ песна (Hands off) Gabriela. Но, ...
Гласини за тајна свадба со Марко Ѓоковиќ - Која е мистериозната Бразилка што го освои братот на Нова... За разлика од Новак, кој е постојано во центарот на вниманието, и од помалиот бр...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg