„Прво танцувај, подоцна размислувај“: Незаборавни цинични цитати од Семјуел Бекет

Бекет, една од клучните фигури во развојот на апсурдот во книжевната литература, автор на култната драма „Чекајќи го Годо“, сепак, не ѝ одолеал на потребата да го рационализира светот околу себе, преку формален филозофско-минималистички начин на изразување.

nezaboravni-cinichni-citati-na-semjuel-beket-tvorecot-na-teatarot-na-apsurdot-0001.jpg

Атеист кој верувал во Бог и најмногу му замерувал поради тоа што не постои, интригантен автор кој неретко творел прво на француски, а подоцна ги преведувал своите дела на англиски јазик, воедно добитник на Нобеловата награда за литература во 1696-та година...

Semjuel_Beket.jpg

Неизмерен број на мисли поминале низ главата на овој Ирец, кој најголемиот дел од својот живот го поминал во Париз, а ова се неговите најинтересни цитати, проткаени со цинизам, мудрост и животно искуство:

1. „Можеби сè сум сфатил погрешно, но важно сум сфатил и тоа е новоста.“

2. „Кога сте во измет до гуша, единствено што преостанува е песната“.

3. „Ништо не е посмешно од несреќата, признавам. Да, да, тоа е најкомичната работа на светот!“

4. „Сите се раѓаме луди. Некои остануваат такви.“

5. „Два моменти во текот на пишувањето вредат за трудот: оној во кој започнувате со пишување и оној кога напишаното го фрлате во корпа.“

6. „Ги користам зборовите на коишто ме научивте. Доколку веќе не значат ништо, научете ме нови или пуштете ме да молчам.“

7. „Ете што ти е човек: постојано ги обвинува своите чизми за мааните на сопствените стапала.“

8. „Имам свои маани, но предомислување заради корист не спаѓа во нив.“

9. „Прво танцувај. Подоцна размислувај. Тоа е природниот ред на нештата.“

10. „На Земјата си. За тоа нема лек.“

11. „Судејќи според сè, никогаш нема да ми биде дозволено да завршам што било, освен можеби дишењето. Па сепак, човек не смее да биде алчен.“

12. „Секој збор е како непотребна дамка на молк и ништовност.“

13. „Моите грешки, се мојот живот.“

14. „Некогаш се обидуваш. Некогаш не успеваш. Не е важно. Обиди се повторно. Падни повторно. Падни подобро.“

Semjuel_Beket_2.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg