Секој има поетско срце штом го допре љубовта...

Велат дека оној кој ќе биде допрен од љубовта може да прави работи кои претходно не можел да ги замисли. Платон дури рекол дека со допирот на љубовта секоја единка станува поет.

sekoj-ima-poetsko-srce-stom-go-dopre-ljubovta-01

Многумина ќе се согласат, многумина можеби ќе негираат, но едно е јасно, љубовта го менува човекот. Луѓето чие срце е облагородено со тие слатки чувства честопати знаат да искажат зборови кои ќе ве натераат и вие да почувствувате некакво движење длабоко во вашето срце.

1. „Љубовта е како ветрот, можеби не можеш да ја видиш, но сепак можеш да ја почувствуваш.” – Николас Спаркс

2. „ Љубовта е чад, кој е направен од нашите воздишки” – Вилијам Шекспир

3. „Љубовта може да го промени човека на начинот на којшто родител прессоблекува бебе, чудно и често со огромен хаос наоколу. – Лемони Снике

4. „Животот е цвет, а љубовта е медот” – Виктор Иго

5. „Љубовта е ветување, таа е сувенир, еднаш штом е даден, никогаш нема да биде заборавен, никогаш нема да исчезне” – Џон Ленон

6. „Љубовта е сериозна ментална болест” – Платон

7. „Љубовта е како пријателство кое гори. На почетокот мало пламенче, многу слатко, често жешко и бестрашно, но сепак распламтено. Како што љубовта расте, нашите срца созреваат и нашата љубов постанува како јагленот, оној кој гори долго без да изгасне.” – Брус Ли

8. „Љубовта е игра која може да ја играат двајца и двајцата да победат.” – Ева Габор

9. „Љубовта вклучува несфатлива комбинација на разбирање и недоразбирање”. – Дејн Арбус

10. „Љубовта без причина, трае најдолго” – Непознат автор

Колку и да се обидуваме да го сфатиме нејзиното значење, веројатно ќе потфрлиме, но ако не постоеше љубовта не ќе знаевме да се избориме со омразата и ќе живеевме сосема осамени.

Сè додека постои човештвото ќе постои и таа како сведоштво дека две души можат да се сплотат во една само со магичен допир на вистинската љубов.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...
Гласини за тајна свадба со Марко Ѓоковиќ - Која е мистериозната Бразилка што го освои братот на Нова... За разлика од Новак, кој е постојано во центарот на вниманието, и од помалиот бр...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg