Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најубавите цитати од македонската љубовна поезија

Велат дека не постои едно годишно време за љубовта, но се чини дека месецот мај е можеби најубавиот и најромантичниот месец во годината, месец во кој блеска пролетта со сета своја раскошна убавина, будејќи ги нашите емоции и кревки чувства.

Najubavite-citati-od-makedonskata-ljubovna-poezija-2.jpg

Кога се работи за поезија, најдобро е да се започне од домашната, затоа што оние цитати и стихови напишани на мајчин јазик ќе ги доживеете и почувствувате подобро од која и да било туѓа.

Во ризницата на македонската поезија се кријат неверојатни љубивни стихови, кои допираат и до срцата на најтврдокорните.

Ова се дел од нив...

- Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство. (Петре М. Андреевски)

- Спијачите си спијат, сонуваат само сонувачите. (Влада Урошевиќ)

- И мојата душа нека биде твоја, а мое да биде твоето лице. (Ацо Караманов)

- Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња, ќе те љубам и губам и во пости и пред гости, само да ме сакаш. (Петре М. Андреевски)

- Па сепак, окото и увото се праг на надежта, што она ја засолнила. (Гане Тодоровски)

- Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам. (Блаже Конески)

- И ништо не ми расправај, ништо не ме прашувај – да биде тишина... (Гого Ивановски)

- Сѐ повеќе има жени со зелени очи, сѐ повеќе возови што не доаѓаат навреме. (Влада Урошевиќ)

- Дојди, свои сме, јас – глад, а ти прекор, обајцата до корен она што сме. (Славко Јаневски)

- Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен. (Блаже Конески)

- Ги расклопувам очите. Во мојата уста твоето име, наместо Господовото. (Кочо Рацин)

- Ќе ме сотрат еден ден чинам или убавите жени или лошите вина. (Гане Тодоровски)

- Патував долго, патував цела вечност, од тебе до мојата небиднина. (Ацо Шопов)

- Сама себеси врата – сама себеси клуч. (Анте Поповски)

- Голапче мало убаво, голапче златокрилесто, кога ти дојде при мене, кога в часот побегна? (Константин Миладинов)

- Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна и сите твои слатки измами ги знам. (Ацо Шопов)

- Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам крај тебе, во мракот втренчен да те гледам сам. (Никола Вапцаров)

- Еден ден ќе се сретнеме како бротче од хартија и лубеница што се лади во реката. (Никола Маџиров)

- Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. (Кочо Рацин)

- Со благост те љубам тогаш кога правиш сѐ за да ми се одмилиш. (Елизабета Баковска)

Najubavite-citati-od-makedonskata-ljubovna-poezija-1.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тврдеше дека принцезата Дијана е бремена од син му Доди: Факти за милијардерот Мохамед ал Фајед Се верува дека Мохамед ал Фајед ги запознал принцезата Дијана и син му Доди биде...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
„Љубов е кога и освоена те освојува“ и уште 9 најубави цитати за љубовта „Без почит нема љубов“. „Кога сакаш, не тераш инает“. „Физичката привлечност, бе...
Биле популарни како филмски ѕвезди, имале многу девојки: Како навистина изгледал животот на гладијат... Не сите гладијатори биле робови и многумина своеволно се бореле. Оние најдобрите...
На врвот на славата се повлече од актерството, денес е заводник со проседа коса - Се сеќавате на Неј... Ако ја гледавте серијата One Tree Hill, тогаш или бевте тим Лукас или тим Нејтан...
Има помалку од 2.000 жители, книги се продаваат насекаде и за 1 фунта: Интересни факти за првиот „гр... Љубителите на книги без сомнение ќе уживаат во бајковитиот град Хеј-он-Вај каде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg