7 факти кои откриваат дека сте натпросечно интелигентни

Интелигенцијата не секогаш се мери во прочитани книги или во образование. Таа може да се најде и во практични вештини, надареност за музика или спорт. 

popametni-ste-otkolku-sto-mislite-7-fakti-koi-pokazuvaat-deka-imate-golema-inteligencija-01

Интелигенцијата е комплексна, што значи дека придавката „интелигентен“ може да се однесува на различни типови луѓе.

Луѓето мислат дека не се паметни само затоа што не можат да се стават во одредена категорија, но тоа не е точно. Дури и да не се чувствувате паметно, прочитајте ги овие 7 знаци кои укажуваат дека сте попаметни отколку што мислите:

1. Строги сте кон себеси

Една од најлошите работи кои можат да ви се случат е да не разберете нешто. За паметните луѓе како што сте вие, неверојатно фрустрирачки е да наидете на нешто што не го разбирате.

Од каде тоа? Тоа е така затоа што обично сѐ ви е лесно за разбирање и кога ќе пронајдете нешто што не го сфаќате веднаш, се чувствувате како да имате пониска интелигенција.

2. Информирани сте

Паметните луѓе вообичаено знаат што се случува во светот околу нив, секојдневно гледаат вести и читаат весници. Дури и кога немате време, вие веројатно ќе најдете начин да прелистате Фејсбук или Твитер, секако за да останете во тек со информациите.

3. Несфатени сте

Можеби вашиот хумор е премногу префинет. Можеби вашиот речник е премногу напреден. Во секој случај, вие постојано мора да се објаснувате. Каква и да е ситуацијата, интелигентните луѓе честопати се несфатени од околината.

Тоа не е ваша грешка, туку тоа е само начин како паметните луѓе се снаоѓаат низ животот.

4. Вашите пријатели се паметни

Паметните луѓе сакаат да бидат во друштво на паметни луѓе. На крајот од краиштата, кој би сакал да биде во друштво каде шегите не му се сфатени?

Вашите пријатели ве разбираат и она што им го кажувате им е блиску. Тие се паметни, а бидејќи паметните се дружат со паметни, и вие спаѓате во таа категорија.

5. Очекувате многу од себе

Од паметните луѓе се очекуваат големи нешта. Дури и додека биле деца, од нив се очекувало да бидат најдобри или меѓу првите во класот. Всушност, токму поради овие работи, паметните луѓе често имаат големи планови за иднината.

Без разлика дали се работи за упис на факултет или градење кариера, вие веројатно планирате големи работи за себе. За било каква цел и да станува збор, очекувајте дека ќе го постигнете тоа.

6. Сакате игри

Многу паметни луѓе уживаат во игрите бидејќи тоа се нешта кои треба да се „откријат“ и во нив е важен натпреварувачкиот дух. На пример, голем број паметни луѓе уживаат во решавање крстозбор и играат карти или социјални игри.

Ваквите игри бараат концентрација и размислување, што им годи на паметните луѓе како што сте вие. Кога играте карти размислувате дури и кога сте на пауза.

7. Ви кажале дека сте паметни

Искрено, многу паметни луѓе не сакаат да мислат за себе дека се паметни. Тоа им доаѓа како да се фалат, кога всушност само кажуваат факти.

Луѓето сигурно ви кажале дека сте паметни, а интелигенцијата добива големо внимание – особено во канцеларија или во училница. Прифатете ја својата интелигенција и уживајте во неа. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
„Некои луѓе зборуваат премногу, а кажуваат премалку“: 10 цитати кои ќе им се допаднат на тивките луѓ... „Ефикасноста на дело е како сексот. Или го правите и не зборувате за тоа или збо...
„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во ... „Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg