Факти кои веројатно не сте ги знаеле за „Убавицата и Ѕверот“
Додека со нетрпение ја очекуваме премиерата закажана на 17-ти март со Ема Вотсон и Ден Стивенс во главните улоги, тука е последниот официјален трејлер на „Убавицата и ѕверот“ со сета своја магија на оригиналната бајка.

Но, пред да го вкусиме римејкот на филмското остварување, време е за 10 факти кои веројатно не сте ги знаеле за познатиот цртан филм со истоимениот наслов:
Витражното стакло на почетокот на цртаниот ја содржи латинската поговорка: „Vincit qui se vincit“, што во превод значи: „Оној кој ќе се надвладее себеси, е двоен победник“.

Вистинското име на Ѕверот е Принц Адам, иако никаде не се споменува во цртаниот филм.

Ѕверот е комбинација од повеќе животни, но неговите сини очи не се менуваат.

Статуите кои се во замокот ги претставуваат првичните верзии како што Ѕверот го замислувале да изгледа.

Бела е првата принцеза на Дизни со кафеава боја на косата.

Сино-белото фустанче и фризурата на Бела се инспирирани од малата Дороти од „Волшебникот од Оз“.

Бела несвесно ја чита својата животна приказна од книгата која ќе ја изеде овчичката покрај фонтаната.

Шолјичката Чип е единствениот од послугата кој ѝ се обраќа на Бела со нејзиното име.

Името на верниот придружник на Гастон – Lefou во превод од француски значи Будалата.

Чадот употребен во сцената каде што Ѕверот се трансформира бил вистински, не анимација.

(O)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов...
„Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе...
„Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело
Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
